09 Јуни, 2023
0.0256

Владата со нов Закон за Академија за судии и јавни обвинители

Објавено во: Македонија 29 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Владата го разгледа и утврди текстот на предлогот на Закон за Академија за судии и јавни обвинители на денешната седница, откако претходните измени наидоа на голем отпор кај опозицијата, најмногу поради начинот на кој се примаат новите кандидати.

„Во изминатиот период во Република Северна Македонија, согласно предвидените активности во Акцискиот план на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022, се донесоа повеќе законски решенија кои беа значителен исчекор во процесот на спроведување на реформите. 

Во процесот на европска интеграција и усогласување со европските стандарди ни претстои многу работа, и поради таа причина Министерството за правда и Владата на Република Северна Македонија континуирано се залагаат и преземаат активности кои се насочени кон градење на ефикасен, независен и квалитетен правосуден систем. 

Поради долгата собраниска процедура која го блокираше процесот за донесување на Предлог Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Владата на Република Северна Македонија одлучи да го повлече Законот со цел во него бидат вградени сите предложени амандмани кои се во интерес за подобрување на неговиот текст согласно европските вредности. Новиот текст на Предлог Законот за Академија за судии и јавни обвинители беше повторно доставен во владина процедура и истиот беше усвоен на денешната владина седница“, објави Министерството за правда.

Донесувањето на овој Закон, според предлагачот, Министерството за правда, произлегува од потребата за реформа на судството во Република Северна Македонија, зацртана во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, стратегиската цел на Република Северна Македонија за членство во ЕУ и потребата за остварување на преземените обврски за спроведување на ефикасни и континуирани реформи во судството базирани на европските стандарди, се огласија и од Владата.
 
„Новото законско решение е усогласување со препораките од Оценската мисија за судска обука од 2018 година и со него, меѓу другото се предлага реорганизација на приемен испит со цел подобро оспособување на кандидатите за успешно да учествуваат во обуката; намалување на роковите за поднесување и одлучување по приговори и жалби за резултатите од приемниот испит; редефинирање на начинот на полагање на завршниот испит врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на знаењата на кандидатите; зајакнување на начинот на спроведување на континуираната обука содржана како стратешка цел во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор.
 
Законот за Академијата за обука на судии и јавни обвинители за прв пат е донесен во јануари 2006 година и досега е менуван неколку пати, но и со големиот број измени на постојниот закон, лоцирани се одредени слабости коишто претставуваат пречка за ефикасно функционирање на Академијата за судии и јавни обвинители. Поради оваа причина, оценето е дека е неопходно да се пристапи кон изработка на нов текст на закон, за да се избегне менување на повеќе од 80 проценти од одредбите од постоечкото законско решение“, се вели во соопштението на Владата.


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ПОЧЕКАМЕ ЗА СЛЕДЕН СПОЕН ВИКЕНД: Еве уште колку неработни денови ни остануваат годинава

ЌЕ ПОЧЕКАМЕ ЗА СЛЕДЕН СПОЕН ВИКЕНД: Еве уште колку неработни денови ни остануваат годинава

Градоначалникот на Делчево: Имаме исконтактирано со околните општини, помошта во однос на пумпи за исфрлување на вода е на пат

Градоначалникот на Делчево: Имаме исконтактирано со околните општини, помошта во однос на пумпи за исфрлување на вода е на пат

МЗ се огласи со појаснување: Исти ќе бидат цените за приватно лекување во јавното здравство

МЗ се огласи со појаснување: Исти ќе бидат цените за приватно лекување во јавното здравство

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во невреме во Делчево се поплавени најмалку 60 објекти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во невреме во Делчево се поплавени најмалку 60 објекти

Абдилфета Алими откако излезе од затвор: Само на 27 април 2017 ми ги дадоа клучевите од Собранието

Абдилфета Алими откако излезе од затвор: Само на 27 април 2017 ми ги дадоа клучевите од Собранието

Доктор Митов: Немаме пари за бесплатно лекување на државјани од Косово и Албанија

Доктор Митов: Немаме пари за бесплатно лекување на државјани од Косово и Албанија

(ФОТО) Пожарникарите ја испумпуваат водата од поплавените објекти во Делчево

(ФОТО) Пожарникарите ја испумпуваат водата од поплавените објекти во Делчево

Мицкоски: Со СДСМ може преодна Влада, со ДУИ не, затоа што тие се креаторите на лошите политики

Мицкоски: Со СДСМ може преодна Влада, со ДУИ не, затоа што тие се креаторите на лошите политики

(ВИДЕО) Автомобили под вода во Делчево

(ВИДЕО) Автомобили под вода во Делчево