26 Ноември, 2024
0.1314

Владата турка спорни договори со „Акуо енерџи“, „Митилинеос“ и „АИМ Греен Тецх“, а не се знае колку ќе ја чинат државата

Објавено во: Економија 06 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Владата набрзина турка договори со специјални закони за стратешки инвеститори кои ќе се носат по брза постапка неделава во Собранието, иако јавноста сеуште не знае колку обезбедените привилегии за „Акуо Енерџи, „Митилинеос“ и „АИМ Греен Тецх“ ќе ја чинат државата на крајот. Претходно овие најавени инвестиции беа прогласени за стратешки уште пред неколку години со одлука на Владата, а сега договорите ќе се озаконуваат на три месеци пред парламентарните избори. Договорите, со оглад на тоа што станува збор за енергетски комплекси, ќе траат 30 години

Ќе се дава земјиште, банкарски гаранции, државна финансиска помош, преку ЕСМ ќе има задолжителен откуп на нивната електрична енергија, ќе се дава логистика во смисла на инфраструктура, лобирање кај меѓународните кредитори, експропријација, итн.

За соларниот парк „Стипион“ кој ќе го гради француската компанија „Акуо Енерџи“ главно на плодно земјоделско земјиште каде што требаше да има карго аеродром во Штип, се знае дека електричната енергија што ќе ја произведува ќе треба ЕСМ да му ја откупува по 56 евра од мегаватчас. Тоа според власта е поволна цена која е многу пониска од берзанската.

- Станува збор за чиста енергија од обновливи извори. Договорената цена е 56 евра од мегаватчас, а годишно поскапувањето ќе зависи од стапката на инфлација, но нема да може да биде повеќе од 2 отсто. До оваа цена се дојде во фазата на преговори, а се преговараше три години, вели Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања.

Од Владата велат дека стратешките инвеститори ќе плаќаат по едно евро од продаден мегаватчас во инвестицискиот фонд на државната Развојна банка, а за француската компанија „Акуо енерџи“ ја убедуваат јавноста дека ќе плаќа концесија, комуналии и данок на добивка.

Соларенниот парк е инвестиција проценета на околу 270 милиони евра. Ќе се гради на потегот од Штип до Свети Николе, на локацијата каде што требаше да има карго аеродром на површина од 450 хектари.

Виктор Андонов, директорот за развој и инвестиции на ЕСМ, вели дека производната цена на овој стратешки инвеститор ќе биде многу пониска од таа на РЕК Битола.

- Сегашната производна цена на РЕК Битола е 110 евра, а производната цена на целокупното ЕСМ е 90 евра. Но таа струја што ја произведува ЕСМ му ја продава на ЕВН за само 57 евра. Струјата што ќе ја откупуваме од „Акуо енерџи“ ќе биде 56 евра, изјави поранешниот советник за енергетика во кабинетите на претходните премиери Димитар Ковачевски и Зоран Заев.

Според Андонов, во Европа бројот на ваквите договори со стратешки инвестиции е зголемен за 40 отсто во енергетската криза, бидејќи како што вели, нудат стабилна цена и долгорочна сигурност во производството на струја. Тој дополни дека недостигот на електрична енергија од фотопанелите преку зима ќе се балансира со користење на хидро акумулациите.

- На овој начин ќе го имаме и потребното време за да ги извршиме потребните ремонти на блоковите во РЕК Битола. Ќе ги имаме оние потребни 60 дена за тоа, наместо како до сега да брзаме со 10-тина дена, рече Андонов.

„АИМ Греен Тецх“ ќе користи комбинација од фотоволтаични панели и гас, а ќе користи и батериски систем за подобро балансирање. Проект ќе се реализира во општините Петровец, Могила, Неготино, Илинден, Гевгелија и Кичево.

Инвеститорот иако ќе користи гасни мотори, нема да плаќа еколошка такса, но тоа според Андонов, е вкалкулирано во цената за откуп на електричната енергија.

- Ние не сме обврзани кон ЕУ за плаќање на еколошка такса, а доколку ја наплатуваме, сигурно ќе треба да плаќаме и повисока цена за електричната енергија што ќе ја купуваме од инвеститорот, вели тој.

Според Битиќи, оваа инвестиција ќе изнесува 175 милиони евра и го надминува владиниот критерум од најмалку 100 милиони евра.

- Ниту една од овие стратешки инвестиции не доаѓа по иницијатива од Владата, туку имаше отворен повик и тие сами се пријавија, нагласи вицепремиерот.

За гасната централа на „Митилинеос“ во Гази Баба тој рече дека земјиштето што ќе му се отстапи во комплексот Железара ќе биде вратено на државата по 30 години. Грчката централа ќе има моќност од 165 мегавати, а струјата што ќе му ја предава на ЕСМ ќе биде за 5 отсто поевтина од берзанската.

Од Владата не дадоа логично објаснување зошто инвеститорите, според договорите, ќе може да им ја префрлаат сопственоста на трето лице во ситуација кога тие ќе имаат многу „бенефиции“, а единствено што беше кажано е дека за тоа ќе треба да има согласност и од државата.

Четвртата инвестиција која ќе треба да помине во Собрание е таа на „Хек Солар“ која ќе треба да инвестира 50 милиони евра во фотоцентрала во околината на Пехчево. Овие четири инвестиции во иднина треба да го формираат најголемиот дел од домашното производство на енергија.

А.К.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу