ВЛАДАТА ВОВЕДУВА НОВА ТАКСА: Плус 3,5 денари за литар на бензините и дизелот
Објавено во: Економија 15 Јуни, 2021 13:33
Владата ќе воведе еколошка такса за литар дизел и за бензините од 3,5 денари од 1 јули, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Станува збор за нова давачка со која практично ќе се зголеми цената на горивата за граѓаните.
Оваа мерка премиерот ја најави на денешната прес конференција на која рече дека Владата планира сериозни вложување во екологијата и обновливите извори на енергија.
Еколошката такса е дел од севкупната програма за екологија на Владата. Отворивме еколошки фонд за да го поддржиме инвестирањето во обновливите извори на енергија, во ветерници, фотонапонски ветерници и гасни електрани. Затоа треба да се јакнат институционалните и финансики капацитети на државата. До 2030 треба да се затворат термоелектраните, сите три блока во РЕК Битола и едниот во ТЕЦ Осломеј. Планирани се 1800 мегавати во фотоволтаици кои или се градат или се во постапка или ќе се градат, 650 мегават енергија во ветерници кои исто така се во постапки, дел веќе се со одобрение за градба. Еколошката такса е 3,5 денари за нафтата за да се откажеме од нафта и нафтени деривати и да поминеме на користење на зелена енергија, да се движиме со велосипед, со тротинет и со електрични возила, рече премиерот Заев.
Од дополнителната такса ќе се соберат во буџтот 1,685 милијарди денари (24 милиони евра) за едно полугодие или 3,3 милјарди денари за цела година.
Во меѓувреме најави дека Владата планира да го намали ДДВ од 18 на пет проценти на сметките на електричната енергија за граѓаните да не го почувствуваат поскапувањето на струјата и тоа од први јули. Оваа стапка ќе важи до јули в година, кога ќе се зголеми на 10 отсто, стапка која ќе се задржи до јули 2023 година. А следната пак ќе се зголеми на 18 проценти.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




