ВЛАДАТА ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЕУ: Oдлука сè уште не е донесена, ќе се следи епидемиолошката слика
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Јуни, 2020
Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација со Европската Комисија за различни прашања поврзани со споделувањето информации и за активностите што се преземаат за справување за спречување на коронавирусот и КОВИД-19, што е заеднички интерес на ЕУ и нашата земја, велат за Фактор од Владата за тоа дали ќе можеме да патуваме во ЕУ.
„Овие теми беа предмет на разговор и на видео конференцијата на министрите за надворешни работи од земјите во регионот со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, иницирана од негова страна, на која учествуваше и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Досега Европската Унија се покажа како вистински партнер и поддржувач на нашата земја во справувањето со пандемијата, создавајќи чувство на заедништво и припадност како да сме скоро дел од ЕУ. Од страна на еврокомесарот Вархеји беше искажана подготвеност за поддршка на регионот за спроведување на мерките за контрола на вирусот и за координација при следните чекори за закрепнување и повторно поврзување на регионот и нашата земја со ЕУ врз основа на објективната епидемиолошка слика во наредниот период, која во најголема мерка зависи од дисциплинираното придржување и почитување на мерките за лична заштита.
Во врска со слободата на патување од Балканот кон Европската Унија одлука сè уште не е донесена. Комисијата во Брисел и земјите-членки разговаараат и треба да донесат одлука по прашањето врз основа на епидемиолошката слика“, додаваат од Владата.
Владата на нашата земја и МНР се во постојана комуникација и со владите и министерствата за надворешни работи на сите наши соседни земји за усогласување на критериумите кои ќе овозможат слободно и безбедно патување на граѓаните.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.