Владата зајми 81 милион евра од домашни кредитори
Објавено во: Економија 08 Март, 2016 15:47
Во пресрет на утрешната наплата на старите долгови, Владата кај домашните кредитори денеска се задолжи повеќе од што планираше.
Министерството за финансии позајми 81 милион евра или пет милиони повеќе од планираното, а веќе утре треба да врати во стопанството 76 милиони евра.
Задолжувањето и овој пат не доби дозвола од дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, кој предупреди дека заклучно со денешната аукција на хартии од вредност, нето долгот од почетокот на годинава е 60 милиони евра.
На што ќе ги троши Владата дополнителните пет милиони евра позајмени пари не е познато.
„Министерот Ставрески да одговори зошто Владата се задолжува повеќе од сумата потребна за враќање на доспеаните долгови“, побара техничкиот министер Кире Наумов.
Државата во последно време го засили притисокот врз домашниот пазар, и постојано се задолжува повеќе од сумата што треба да се врати, иако и опозицијата и експертската јавност постојано укажуваат дека во една ваква политичка констелација важно е државата да се задолжува во износ во кој треба да се раздолжи ден или два по задолжувањето.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка




