Владимир Глигоров: Економската состојба е лоша во сите балкански земји
Објавено во: Свет 20 Февруари, 2013 15:22
Балканските земји водат лоша економска политика во изминативе 20 години и меѓу нив речиси и да нема разлики во поглед на загрижувачките показатели, смета соработникот на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, Владимир Глигоров.
- Претходно имаше разлики во економските состојби меѓу земјите во регионот, но сега лошата ситуација се прошири на сите економии кои имаат слични карактеристики, изјави Глигоров на прес-конференција во Белград на која беше промовирана неговата книга „Неокласицизмот на Балканот и други есеи“.
Како што јави Танјуг, Глигоров наведе дека причина за ваквите состојби се преголемата зависност од странски инвестиции, високата стапка на невработеност, ниското индустриско производство и недовербата во сопствените валути.
- Балканот во целина е неуспешен простор во кој владее тешка социјална состојба и подолг период доминира висока стапка на невработеност, смета овој економски експерт.
Глигоров нагласува дека недовербата во домашната валута и во централните банки е карактеристична за сите земји од регионот, што е најдобро видливо во тоа што граѓаните своите заштеди ги чуваат во евра, а и самите држави позајмуваат во странски валути.
Осврнувајќи се на својата книга, Глигоров нагласи дека неокласичниот пристап во економиите на земјите во регионот се свел на тоа што тие се трудат да привлечат што повеќе странски инвестиции, кои, според него, отишле во потрошувачкиот сектор, во недвижностите и во производство на стоки „кои не го најдоа својот пат на светскиот пазар“.
- Од друга страна централноевропските земји добро го применија рецептот за привлекување странски пари и ги вложија во индустријализацијата на произвдоството. Транзицијата во централноевропските земји донесе зголемен обем на размена, отворени екоомии и зголемување на извозот, што не беше случај на Балканот каде државите од аспект на пазарното однесување останаа во голема мерки затворени, заклучи Глигоров
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




