Владимир Панчевски ќе се бара со потерница
Објавено во: Македонија 13 Јули, 2020
Екс претседателот на Кривичен суд, Владимир Панчевски ќе се бара со потерница.
СВР Скопје испратило известување до СВР Велес дека не го пронашле поранешниот претседател на Основниот кривичен суд, Владимир Панчевски, за издржување на 30-дневниот притвор. Според МВР, СВР Велес треба да го известат Основниот суд Велес за распишување на потерница по Панчевски.
Основниот суд Велес, на Панчевски му одреди 30 дена притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој е обвинет.
Судењето за злоупотреба на „АКМИС“ системот требаше да почне наесен, но досега овој судски процес не е започнат.