10 Декември, 2024
0.0301

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

Објавено во: Свет 07 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин, денеска го слави својот 72-ри роденден. Тој веќе 21 година обавува важни функции во руското општество. 

Путин роденденот ќе го прослави на работа, затоа што првиот дел од денот беше предвиден за приватни работни состаноци, а попладне има средба со лидерите на земјите од ЗНД во Москва.

Портпаролот  на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека Путин е „буквално на должност 24 часа на ден“. Тој кажа дека рускиот претседател нема слободен ден и дека некогаш и ноќе добива извештаи. 

Путин е роден на 7 октомври 1952 година во Ленинград (денес Санкт Петербург) во работничко семејство. Неговиот татко Владимир Спиридонович Путин служел во советската морнарица, а неговата мајка Марија Ивановна Путина работела во фабрика. Тој израснал во сиромаштија во заеднички стан, каде што развил интерес за спортот, особено за џудото. Во 1975 година дипломирал право на Државниот универзитет во Ленинград.

По дипломирањето, тој се приклучил на КГБ, советската разузнавачка служба. Од 1985 до 1990 година бил стациониран во Дрезден, каде што стекнал значајно разузнавачко искуство. По враќањето во Ленинград, тој се вклучи во политиката како советник на тогашниот градоначалник Анатолиј Собчак, станувајќи клучна фигура во градската администрација.

Во 1996 година, тој се пресели во Москва и брзо напредувал, станувајќи заменик-шеф на претседателската администрација. Во 1998 година, тој стана директор на Федералната служба за безбедност (ФСБ). Во август 1999 година беше назначен за премиер, а по оставката на Борис Елцин на 31 декември истата година, ја презеде функцијата в.д. претседател. Тој победи на претседателските избори во 2000 година со големо мнозинство гласови.

Неговиот прв мандат како претседател беше обележан со консолидација на моќта во Русија и зајакнување на улогата на државата во економијата. Путин го намали и влијанието на олигарсите, група моќни бизнисмени кои собраа огромно богатство за време на хаотичните години на постсоветската транзиција. Тој се потпираше на зголемените приходи од нафта и гас за да ја зајакне руската економија и да ги стабилизира финансиските институции.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СЕМЕЈСТВОТО АСАД ИМА 20 СТАНОВИ ВО МОСКВА: Вака изгледа луксузната населба со стаклени облакодери во кои ќе живеат, а откриено е и колку пари имаат

СЕМЕЈСТВОТО АСАД ИМА 20 СТАНОВИ ВО МОСКВА: Вака изгледа луксузната населба со стаклени облакодери во кои ќе живеат, а откриено е и колку пари имаат

МАГИСТЕР ПО КОМЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО – КОЈ Е ЛУИЏИ МАНЏОНЕ, ОБВИНЕТ ЗА УБИСТВОТО НА МИЛИОНЕРОТ БРАЈАН ТОМСОН: Уапсен по пет дена од атентатот во МекДоналдс во Пенселванија

МАГИСТЕР ПО КОМЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО – КОЈ Е ЛУИЏИ МАНЏОНЕ, ОБВИНЕТ ЗА УБИСТВОТО НА МИЛИОНЕРОТ БРАЈАН ТОМСОН: Уапсен по пет дена од атентатот во МекДоналдс во Пенселванија

ТРЕТАТА СВЕТСКА ВОЈНА БИ ТРАЕЛА 2.400 СЕКУНДИ: Еве зошто

ТРЕТАТА СВЕТСКА ВОЈНА БИ ТРАЕЛА 2.400 СЕКУНДИ: Еве зошто

ШТО ЈА ЧЕКА СИРИЈА ПО ПАДОТ НА АСАД, ЌЕ СЕ ВРАТАТ ЛИ БЕГАЛЦИТЕ ДОМА? Русија и Иран го изгубија клучниот сојузник во срцето на Блискиот Исток

ШТО ЈА ЧЕКА СИРИЈА ПО ПАДОТ НА АСАД, ЌЕ СЕ ВРАТАТ ЛИ БЕГАЛЦИТЕ ДОМА? Русија и Иран го изгубија клучниот сојузник во срцето на Блискиот Исток

МИЛОШЕВИЌ, АСАД...Еве кој се доби азил во Русија

МИЛОШЕВИЌ, АСАД...Еве кој се доби азил во Русија

НЕМА АЗИЛ ЗА СИРИЦИ ВО ТРИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПО ПАДОТ НА АСАД - една од нив ќе започне и депортација на бегалците

НЕМА АЗИЛ ЗА СИРИЦИ ВО ТРИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПО ПАДОТ НА АСАД - една од нив ќе започне и депортација на бегалците

ВО ЗООГЛАСЕНИОТ ЗАТВОР НА АСАД - ослободуваат жени со деца од затворите, се шират снимки од направи за мачење

ВО ЗООГЛАСЕНИОТ ЗАТВОР НА АСАД - ослободуваат жени со деца од затворите, се шират снимки од направи за мачење

„НЕКА СЛУШАТ ИРАН, ТРАМП И НЕТАНЈАХУ“ Лидерот на бунтовниците во првиот говор испрати жестоки пораки

„НЕКА СЛУШАТ ИРАН, ТРАМП И НЕТАНЈАХУ“ Лидерот на бунтовниците во првиот говор испрати жестоки пораки

КОЛОНИ ВОЗИЛА КОН ДАМАСК: илјадници луѓе ослободени од озлогласените сириски затвори, се огласи водачот на бунтовниците

КОЛОНИ ВОЗИЛА КОН ДАМАСК: илјадници луѓе ослободени од озлогласените сириски затвори, се огласи водачот на бунтовниците