19 Декември, 2025
0.0368

Владината мерка за вработување на 1600 луѓе е извонредна помош за социјално загрозените

Објавено во: Економија 11 Април, 2013 15:40

Добивај вести на Viber

Извонредна можност за една ранлива категорија граѓани. Вака премиерот Груевски ја оцени најновата владина мерка за вработување на 1.600 лица во јавната администрација од социјално загрозените семејства. Тоа е решавање на еден горлив проблем со кој се соочува оваа категорија граѓани, оцени денеска премиерот Никола Груевски.

Груевски смета дека на овој начин ќе им се излезе во пресрет на најзагрозените кои ќе се вработат и обучат во државните институции. Тој е свесен, дека со ова нема да се решат сите проблеми во оваа категорија, но вели дека помошта ќе биде голема.

- Ќе решиме голем дел од проблемите. Убеден сум дека на овој начин ќе успееме на оние кои се најзагрозени да им излеземе во пресрет и тие да бидат примени на работа и обучени и да се стават во корист на работењето на истутициите, изјави Груевски.

Груевски вели дека ова е одличен потег пред донесувањето на Законот за јавна администрација, во кој значително се зголемуваат критериумите за прием во државната и јавната администрација.

- Тоа се критериуми кои практично многу луѓе не ќе може да ги поминат затоа што ќе бидат доста високи. Така што во администарцијата ќе бидат примани луѓе кои имаат најголемо знаење, вештини, образование и искуство, рече Груевски.

Владата вчера објави дека ќе бидат вработени 1.600 лица од четири категории – долгорочно невработени, преку десет години, лица од многудетни семејства, лица од самохрани и еднородителски семејства, како и лица од семејства без ниту еден вработен.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба