18 Декември, 2025
0.0691

Владиниот советник Виктор Андонов открива: Гасот ќе го купиме од Србија

Објавено во: Економија 28 Септември, 2022 10:12

Добивај вести на Viber

Виктор Андонов, советникот за енергетика на премиерот Димитар Ковачевски во Владата, претпладнево во „Студио 10“ на ТВ24 откри дека Македонија ќе купува приорден гас од Србија за топлинска енергија и за производство на електрична енергија. Со тоа дефинитивно ќе биде заобиколен „Макпетрол“ и купување на природен гас од „Гаспром“.

За таа цел Владата вчера одобри 18 милиони евра за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје.

„Ќе и платиме на Србија, а гасот ќе се носи преку врската во Бугарија. Еден дел е за топланите за топлинска енергија , а еден дел ќе биде за АД ТЕ-ТО за производство на електрична енергија“, рече Андонов 

Тој додаде дека договор со „Макпетрол“ како трговец  не бил постигнат затоа што цената која ја нудел „Гаспром“ била екстремно висока.

„Цената преку „Макептрол“ е над 2.000, односно до 2.500 евра за нормален метар кубен. Со таа цена понатаму од 400-600 евра ќе биде ценатат за мегаватчас струја, а исплатлива цена за индустријата да преживее е 200 евра. Ако обезбедевме цена по тоа што се нуди, ние на тој начин немаше да и помогнеме на индустријата. Тоа ќе се одразеше и на сметките на граѓаните и на буџетот“, истакна владиниот советник.

Тој дополни дека со српската страна во процес е договарањето за количините на гас по прифатлива цена со која нема да има нови поскапувања и оптеретување на буџетот. 

„Разговорите одат во насока на обезбедување прифатлива цена“, заклучува тој и додава дека тоа ќе биде билатерален договор помеѓу две држави.


Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?