17 Мај, 2024
0.0481

„ВЛАДО ОСВЕСТИ СЕ“, АЛАРМАНТЕН ПОВИК НА ССМ - минималната плата е доволна само за леб и вода, бидејќи за исхрана и пијалоци требаат 17.843 денари

Објавено во: Економија 09 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Синдикатот ја потврди информацијата на Фактор за вредноста на потрошувачката кошница, која во јули е над 47 илјади денари. 

Во нивното соопштение доп медиумите се наведува дека со минималната и со просечната плата на може да се покрие минималната синдикална кошница. 

„Вредноста на Синдикалната минимална кошница со вклучена инфлација (трошоци за живот) за месец јули изнесува 47.042 денари, и неа не можат да ја покријат ниту семејствата каде што има двајца вработени, кои имаат примања во висина на просечна плата и една минимална плата.

Истовремено имајќи предвид дека инфлацијата од 16 отсто ја обезвреднува вредноста на платите и од тука износот од 18.000 денари колку што изнесува минималната плата во Македонија има реална вредност од 15.120 денари, а износот на просечната нето плата од 31.525 денари има реална вредност од 26.481 денари со што значително е осиромашен македонскиот работник и граѓанин“, се вели во соопштението од Синдикатот. 

Натаму, како што доддаваат од ССМ, „аларматно е тоа што погрешните владини мерки и политики за само пет месеци од зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари, повторно ја вратија вредноста на истата на нивото пред март 2022 година односно со една минимална плата работниците да можат да си дозволат само леб и вода ( исхрана и пијалоци) согласно Синдикалната минимална кошница кои како трошок за месец јули 2022 година изнесувал 17.842,91 денари“. 

„Владата во март под притисок на ССМ направи еден чекор напред кон подобрување на стандардот на најзагрозената категорија на работници, а во јули по сопствено убедување и неприфаќање на предлозите на ССМ, направи пет чекори назад кон загрозување на егзистенцијата на работниците со најниски примања.

Доколку Владата ги прифатеше барањата на работниците и ССМ за усогласување на платите согласно порастот на минималната плата за 2.806 денари уште во мај, денеска ќе беше амортизирана инфлацијата која ги обезвреднува платите, но за жал поради лошите политики на Министерството за финансии и министерот Бесими, а против кои се работниците, а веќе против се и работодавачите и експертската јавност, тој ги остава на работ на егзистенцијата работниците, бизнисите и граѓаните на Македонија.

На работниците им се потребни итни усогласувања на платите за амортизирање на инфлаторниот удар, а тоа значи Владата да ги усогласи платите за 18,4 отсто до септември согласно Законот, а во спротивно, како што ги казнува владата работниците, така работниците ќе ја казнат Владата, а истото се однесува и на работодавачите“, се вели во жестокото соопштение од Синдикатите.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци