07 Октомври, 2024
0.0299

Власта против опозицијата за иднината на СЈО - Ќе се урне ли правото со политички решенија?

Објавено во: Македонија 29 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Правото во Македонија може повторно да потклекне под политиката, особено доколку власта реши без компромис да издејствува промени во СЈО и да назначи в.д. специјален јавен обвинител без двотретинско мнозинство и наоѓање на целосно решение. Правните експерти не се согласуваат да се врши дерогирање на системски закон за кој е потребно да гласаат најмалку 80 пратеници со измени на друг закон како во овој случај Законот за совет на јавни обвинители за кој е потребно 61 гласа да се промени.

Поранешниот претседател на Врховниот суд смета пак, дека политичките циркузи треба да престанат и надлежноста над СЈО да ја преземе државниот јавен обвинител што е дозволено со Уставот, а тоа е над било кој закон.

"Според уставот јавниот обвинител е главен. Предметите под мишка и во судница, обвинител не е само за прес конференција туку за водење на предметот пред судот. Нема потреба повторно да се прават политички циркузи. Советот на јавни обвинители има целосна правна основа да расправа и одлучува за разрешување на специјалниот јавен обвинител и негова замена".

Според Илиев одлуката на Советот на јавни обвинители ќе биде конечна и така може да се најде трајно решение за статусот на СЈО, барем во овој случај сите предмети да ги преземе јавното обвинителство и да продолжи да ги води според својата концепција пред судовите. Тоа ќе значи дека СЈО какво што е повеќе не би постоело односно дека актуелните обвинители би се вратиле во своите матични обвинителства.

Опозицијата жестоко се противи на дерогирање на системски закони. Пратеникот и преговарач за новиот Закон за јавно обвинителство Антонио Милошоски во интервју за Фактор образложи зошто власта не смее да си дозволи да го реализира овој План Б.

"Ние предлагаме, најголемата опозициона партија да даде предлог кој ќе биде усвоен од Комисијата, таа да го испрати Собранието, а со одлука на пратениците изборот да биде доставен до Советот на јавни обвинители на конечна одлука. Се разбира тој предлог да биде даден врз основа на високи критериуми. Власта засега не покаува сигнали за компромис и тоа ни дава сомнеж дека имаат посебен интерес кон обвинителката Вилма Рускоска за која пак, ние имаме огромни забелешки по сите скандали", вели Милошоски.

Можеби дел од јавноста оваа изјава ја оцени како скандалозна или лицемерна за партијата која се соочува со голем број на нејзини функционери осомничени или обвинети во предмети со корупција да дадат предлог за нов предводник на СЈО, но да потсетиме треба на Пржинскиот договор. Тогаш едно од начелата беше опозицијата да дава предлог за избор на нов јавен обвинител по две години на владеењето на власта. Тие две години веќе поминаа, но СДСМ не сака ни да чуе да и дозволи на опозицијата таа да даде предлог за нов јавен обвинител на местото на Јовевски. Затоа избор на на шеф на новото обвинителство за борба со организиран криминал и висока корупција може да биде еден вид на компромис. Секако и предлогот на ВМРО ДПМНЕ мора да биде квалитетен, односно да постават професионалец кој независно ќе ја врши својата функција.

За компромис се залага и премиерот Зоран Заев бидејќи во предлог Законот за јавно обвинителство се содржани огромен дел од барањата на ВМРО ДПМНЕ, па така ново опструкции ќе значат само попречување на правната држава и дека нема доверба во нив да дадат предлог за шеф на новото обвинителство.

"Во него е прифатен предлогот на опозицијата, се спојува СЈО со постојното ЈО за организиран криминал и корупција, како што беше барано. Се нотираат нивните заложби за рокот – 30 јули 2017 година за употреба на неовластените прислушни материјали што е сериозна придобивка. Има принципиелност во изборот и реизборот на обвинителите кои се дел од СЈО, а ќе бидат дел од новото ЈО, еднаквост со сите други обвинители, со крај на мандатот – 15 септември 2020 година. Јавно обвинителскиот систем преку Советот на обвинители, а не политичарите, ги бира обвинителите.  Ова е решение кое што не приближува" рече премиерот Заев.

Опозицискиот лидер пак загрижен за Планот Б смета дека власта сака да спроведе на тој начин политичко насилство.

„Не очекувам од Рената Дескоска ништо ново, освен она што е дел од нејзините прес конференции и интервјуа кои што ги дава по медиумите, а тоа изразената желба за освета и омраза кон ВМРО-ДПМНЕ“. Ова денеска го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на вчерашната изјава на министерката дека доколку нема двотретинско мнозинство за Законот за ЈО ќе се прави промена во Законот за совет на јавни обвинители.

Денес и Советот на јавни обвинители треба да донесе одлука дали ќе ја разрешен специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која е во притвор во истражниот затвор Шутка како една од осомничените во скандалозниот предмет "Рекет". Потоа и назначувањето на в.д. специјален јавен обвинител може да биде проблематично бидејќи сепак СЈО е создадено со политичка волја и двотретинско мнозинство во парламентот. Денес започнува и собраниската расправа за споменатиот предлог Закон за јавно обвинителство кој ќе се нови во скратена постапка. ВМРО ДПМНЕ според Милошоски ќе поднесе само дваесетина суштински амандмани и ќе се надева дека ќе биде постигнат договор врз уставните и законските начела.


Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија