Влатко Сулев: Руралниот туризам нуди автентичност. Треба да креираме туристички мапи
Објавено во: Колумни 14 Јули, 2025 08:38
Најновите податоци од Министерството за култура и туризам покажуваат 21.6 проценти раст на бројот на странските посети во првата половина од оваа година, во однос на истиот период од минатата година. Позитивен тренд ќе се согласиме сите. Но, овој податок пред сите инволвирани страни во туризмот, неминовно го наметнува прашањето колкав е нашиот туристички капацитет?
Дали можеме подобро, повеќе!
Да, важен е квантитативниот број на туристи, но уште поважно е колку денови ќе останат во земјава, колку содржајна ќе им биде посетата, со какви впечатоци ќе си заминам, дали пак ќе се вратат, дали ќе ја препорачаат земјава на нивните пријатели, и секако на крај колку пари ќе потрошат. Најбројни се турците, па србите па туристите од околните земји. Дали привлекуваме купувно моќни туристи? Колку се тоа туристи од азија, од скандинавските земји, за кои поимот Македонија е магичен.
За туризмот години наназад многу се зборува. Посебно во насока на неговото значење за економијата, за луѓето во земјава, и сето тоа на крај се сведува на многу декларативни заложби, мали инвестиции и мали промени. А имаме светски бренд “Македонија” за кој другите може да сонуваат. Сигурно не постои човек на планетава кој не слушнал за името Македонија, за историјата и културата поврзана со ова име. А земјава не е само Скопје, или Охрид..... Парадоксално е тоа што живееме во земја со езера какви што има во Швајцарија, со планини како на Алпите, со гастрономија што се памети, а сепак – сè уште сме далеку од врвот на европските дестинации.
Ако сакаме да го развиваме туризмот, клучното прашање е што сакаат странските туристи? Дали е тоа оригиналност, автентичност, нешто невидено во нивните земји...па во тој контекст денес зборуваме за вински туризам, рурален и културен туризам. Ајде да се фокусираме сега на руралниот туризам! Што е со македонските села? Со онаа скриена убавина зад планината, онаа што не се слика со филтри и раскажува бајки што ги нема на YouTube?
Имаме села со 1,2, или 3 жители а 300 приказни поврзани со нив. Имаме баби што готват како да снимаат MasterChef, дедовци што прават ракија по рецепти од 1850 година, цркви скриени меѓу ореви, патеки што водат до врвови од кои ти застанува здивот – а никој не знае за нив. Туристите не ги гледаат, зошто? Затоа што сè уште не сме решиле да ги вклучиме на мапата.
Зошто ова го истакнувам? Затоа што прво што треба да направиме е да креираме туристички мапи, рути за посета, кои ќе бидат стандардизирани, обележани, и кои само ќе се надополнуваат. Рути на кои туристите ќе ги водат обучени луѓе (локални туристички водичи, кои знаат каде се кријат дивите капини или јаготки и во која куќа има најдобра пита), кои дополнително со своите приказни ќе го збогатуваат впечатокот.
Македонија, да се разбереме, е земја на села, тоа е ресурс за кој не сме свесни. Само што не знаеме (или не сакаме) да го видиме. Додека државите од северот го претворија руралното во бренд, ние сè уште се однесуваме неодговорно кон нашите природни убавини каде лежи нашата најголема туристичка шанса.
Каде е проблемот?
Руралниот туризам не значи „дај селска куќа и нека спијат туристи“
Руралниот туризам е доживување – автентично, искрено и без глумење. Тоа значи да им понудиш на гостите рачно направена пита, да ги одведеш на берење јагоди, да ги прошеташ до водопадот што само локалните мештани го знаат, да седнеш покрај огништето каде се пече леб под сач. Тоа е нешто што Париз го нема, ниту Дубаи.
На тие рути треба да има интернет, обележани патеки. Што може (и треба) да направиме?
- Да направиме дигитална мапа на руралните дестинации – кратки видеа, приказни, фотографии – нека види светот што се крие зад бујните македонски шуми.
- Да ги поврземе селата со урбаниот туристички тек – турист што дошол во Скопје може да продолжи до Папрадиште. Оној што е во Охрид – нека преспие во Курбиново или Љубаништа. Мора да има рути, сè уште сме фокусирани на Охрид летно време, Пелистер или Маврово во зима, а остатокот од годината нема туристички тури. Македонија има капацитет за 365-дневен туризам.
- Да им дадеме шанса на занаетите и традицијата. Не кич – туку духовна култура.
Руралниот туризам не е план Б – тој е најдобриот план А што не го пробавме. Странските туристи бараат мир, приказна. Бараат да се вратат дома со чувство дека некаде таму, на Балканот, луѓето сè уште живеат вистински.
Селото е нашата сила. Руралниот туризам е нашата шанса. Планинарењето, велосипедизмот, агротуризмот и руралните искуства се се’ побарани во Европа. Македонија има села и пејзажи што можат да се споредуваат со Тоскана или Балканските Алпи. Но, тие мора да се зачуваат и претстават со вкус, а не со бетон и кич.
И време е да престанеме да го гледаме селото како минато – туку како иднина што мириса на пита под вршник.
За авторот
Генерален менаџер на Balkan Prime Tours, Vice Presidentна Spiti World Network бизнис мрежа на тур оператори кои работат дојдовен туризам и претседател на Националната асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ). Balkan Prime Tours е компанија којаорганизира тури во Македонијаи на балканот за странски туристи од 2007 година. Благодарение наоваа компанија илјадницистрански туристи изминативе години ја имаат посетено Македонија, што ги прави вистински промотери и амбасадори на нашата земја и Балканот. Компанијата има своја канцеларија во Скопје, но и во Софија, Подгорица и Тирана, соработува со огромен број на хотели, ресторани и семејни туристички работници од регионот, за да креира автентични туристички понуди според желбите на туристите.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





