19 Декември, 2025
0.0641

Влезот на кинеските ИТ компании, ризик за безбедноста на САД

Објавено во: Економија 08 Октомври, 2012 10:32

Добивај вести на Viber

Комисијата за разузнавање на Трговската комора во САД,  предупредува дека двете водечки кинески компании за телекомуникациска опрема „Huawei Technoligies“ и „ZTE“ претставуваат сериозна закана за безбедноста на САД, пренесоа светските агенции. Комисијата препорачува регулаторните тела да ги блокираат операциите за спојување и купување на американски компании од страна на двата кинески гиганти. Таа исто така советува американските владини организации да не користат опрема од двете компании, а американските приватни компании - да избегнуваат да работат со нив. Комисијата критикува дека во извештајот за влез на пазарот во САД, кинеските ИТ компании  не дале доволно информации за својата работа, како и за официјалните врски со кинеските власти, забележува Ројтерс. Комисијата наведува дека располага со тврдења од анонимни експерти од оваа индустрија, како и од сегашни и поранешни вработени на„ Huawei“,  кои укажуваат на тоа дека компанијата може да биде одговорна за мито и корупција, дискриминаторско однесување или прекршување на авторските права. „Врз основа на собраните информации сметаме дека не може да се има доверба во овие компании, бидејќи голем е ризикот дека се под влијание на Кина, што ги прави закана за безбедноста на САД и нашите системи“, се истакнува во извештајот на разузнавачката комисијата.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии