ВЛЕЗОТ НА ЛИДЛ ВО ЗЕМЈАВА Е СЕ ПОСИГУРЕН, РАСПИШАНИ СЕ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - еве кои позиции ги нуди компанијата
Објавено во: Економија 14 Септември, 2022 14:08
Меѓународниот синџир на супермаркети „Лидл“ објави конкурс за вработување. Со огласот се бараат кадри за шест работни позиции, меѓу кои продажен специјалист, сметководител, бренд стратег, специјалист за човечки ресурси.
Од огласот би можело да се заклучи дека оваа позната странска компанија бара високообразовани потенцијални кандидати. Од нив веројатно ќе се очекува да ги создадат основите на новата компанија во земјава, и во однос на рекламирањето на овој трговски бренд, но и во однос на изборот и регрутирањето на кадар што ќе работи во нивните маркети.
За дел од овие работни места се планира и обука во странство, со оглед што наведоа дека им требаат кандидати и со, но и без работно искуство.
Инаку, како што веќе е познато, од Лидл за нашите медиуми се уште прецизно немаат обелоденето колку продавници ќе има во Македонија и каде ти би биле лоцирани. Само од градоначалникот на општина Кисела Вода беше кажано дека од компанијата се интересирале за локација на територијата на таа општина.
„Лидл“ работи со околу 11.200 продажни објекти во 32 земји ширум светот, а вработува повеќе од 310.000 луѓе на глобално ниво.
Нашите граѓани се големи обожаватели на маркетите на Лидл. Кога патуваат на одмор во Грција тие не пропуштаат а да не си купат голем број намирници од овој трговски бренд, а често за производите на Лидл се знае и да се оди до најблиските градови на соседна Србија.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




