19 Мај, 2024
0.0247

Влијаат ли домашните миленичиња на нашето здравје?

Објавено во: Стил 31 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Сите ние ги сакаме домашните миленичиња, но дали сите знаеме колку тие допринесуваат за нашето добро здравје?

Љубов кон домашниот миленик      

Грижата за домашниот љубимец е голема одговорност, но исто така таа грижа може да има големо позитивно влијание во однос на нашето физичко и ментално здравје. Следуваат десетте главни здравствени придобивки од чувањето на домашен миленик.

Намалување на крвниот притисок

Чувањето на домашен миленик може да помогне во намалувањето и средувањето на крвниот притисок и тоа не само поради дополнителната физичка активност која што ја имате при прошетката на кучето. Една студија пронајде дека оние луѓе кои што имаат хипертензија и посвоиле маче или куче имаат намалени нивоа на стрес и крвен притисок. Тоа е така поради фактот што саканото животно делува смирувачки.

Поголема социјализација  

Очигледно е дека домашниот миленик ви прави друштво сам по себе, но тој исто така може да ви помогне да запознаете и ново „двоножно“ друштво.   Домашните миленици играат улога и на социјални помагачи, со тоа што на сопственикот на домашниот миленик му даваат шанса да запознае нови луѓе кои што претходно не би ги запознал.

Намалување на алергиите

Грижата за алергиите во многу наврати ги одвраќа луѓето да чуваат домашен миленик. Но, децата кои што растат со кучиња или мачки имаат значително намален ризик за развој на алергии. Една седумгодишна студија пронашла дека оние деца кои што живееле со две или повеќе домашни миленичиња имале за 50% намалени шанси да развијат алергии.

Контрола на симптомите на Алцхајмер 

Терапијата со домашните миленичиња е многу користена за да им помогне на луѓето кои што страдаат од Алцхајмеровата болест. Можноста за интеракција со животното во голема мерка ги намалува нивоата на анксиозност кај пациентите.   И, не се само кучињата и мачките кои што можат да помогнат. Имено, истражувањата покажале дека пациентите со Алцхајмерова болест подобро јадат и покажуваат помала агресија ако имаат аквариум.

Намалување на стресот  

Еднонасочната комуникација со домашниот миленик на многу луѓе им помага да го намалат стресот. Истражувањата покажуваат дека поминувањето на време со домашниот миленик е поефективно отколку зборувањето за своите проблеми со пријателот или партнерот. Играта со домашниот миленик ги зголемува нивоата на серотонин и допамин во мозокот, односно се зголемува чувството на среќа.

Контрола на телесната тежина

Без разлика на тоа дали само го шетате кучето или го чистите кафезот на зајакот, грижењето за домашниот миленик ви додава дополнителна физичка активност во денот, а со тоа горите повеќе калории.

Скорешните истражувања покажуваат дека ако го шетате домашниот миленик, многу е поверојатно да правите и други типови на физички активности. Исто така, брзината на пешачење е зголемена за 28% кога го шетате вашето куче за разлика од таа кога пешачите со пријател.

Поголемо здравје за децата

Децата кои што растат со домашни миленици помалку се разболуваат. Причината за тоа лежи во верувањето дека животните го зголемуваат имунитетот кај децата.  Обично, родителите сакаат децата да престојуваат во супер чист и супер хигиенски дом. Тоа размислување би можело да го спречи одбрамбениот систем кај детето да развие имунитет кон стандардните домашни антитела како што се прашината, нечистотијата и влакната од животните.

Забрзување на опоравувањето по оперативен зафат

Покажано е дека чувањето на домашно милениче за половина ја намалува употребата на лековите за намалување на болки по оперативниот зафат. Чувањето на куче е добро за општото ментално и физичко здравје.

Подобра организација на денот

Конечно, чувањето на домашно милениче допринесува за поголема организација и фокусирање на секојдневните задачи. Дневната рутина на хранење, чешлање и прошетки со домашното милениче може да ни помогне да останеме фокусирани на секојдневните задачи. Чувањето на домашно милениче за оние кои страдаат од стрес, анксиозност или долготрајна физичка болест, може да понуди сенс за стабилизација на актуелната состојба.  

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“