06 Декември, 2025
0.0494

Влијание на перењето пари врз движењето на капиталот

Објавено во: Колумни 06 Декември, 2019 06:56

Добивај вести на Viber

Движењето на капитал на различен начин влијае врз глобалната економија, но најмногу се погодени земјите во развој. Причина за тоа е што најчесто капиталот се движи од земјите во развој кон земјите со стабилни финансиски и економски системи. Цената што ја плаќаат земјите во развој при таквото движење на капиталот е добро позната: намалување на обемот на производните капацитети, намалување на даночната основица и губење на контролата над монетарните агрегати. Ако се земе предвид дека фазите на пласман и прикривање во процесот на перење пари најчесто се случуваат во земјите во развој, а тоа доведува до одлевање на капиталот од овие земји, станува јасно колкав е проблемот со кој мора да се соочат овие земји.

Може да се претпостави дека имплементирањето на стратегии за борба со  перење пари во земјите во развојвлијае врз субјектите коишто се занимаваат со овој вид на криминал, па тие или ќе ги трансферираат парите во други земји каде што нема такви стратегии или ќе ги насочат средствата од финансиските институции во други сфери. Сепак, примерите од некои земји покажуваат дека имплементирањето на стратегии за спречување перење пари не е во директна корелација со промената напортфолиото на клиенти на финансиските институции.

Во тој контекст, треба да се нагласи дека перењето пари го поттикнува порастот на криминалот и корупцијата во економијата на една земја. Таквата појава крајно негативно се одразува врз обемот на странските портфолио и директни инвестиции поради лошата репутација на таа земја во светот. Отсуството на странски инвестиции значи крајно лимитиран пристап до технологијата и работните вештини. Штетите што притоа настануваат се непроценливи.

Кога се врши анализа на движењето на капиталот од аспект на перење пари, треба да се потенцира и злоупотребата на преценети увозни или извозни фактури. Во овој случај перење пари се врши на тој начин што цената наведена во фактурата е многу поголема од вистинската вредност на стоката или услугата наведена во истата таа фактура. Масовната употреба на такви фактури создава дополнителна побарувачка на странски валути во една национална економија, а со тоа се создава притисок врз девизниот курс. Државата се доведува во состојба да мора да го промени курсот на својата национална валута во однос на странските валути или пак, да интервенира на пазарот со своите девизни резерви. Во одредени случаи тоа доведува до намалување на конкурентноста на домашните стоки на странскиот пазар и забавување на економскиот раст.

  д-р Гоце Трајковски

Во текстот се наведени лични ставови на авторот коишто не мора да кореспондираат со официјалниот став на Народна банка на Република Северна Македонија


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Зеленски „под контрола“!

Зеленски „под контрола“!

Топ 10 лекови во светски рамки – и каде е Македонија во овој поглед?

Топ 10 лекови во светски рамки – и каде е Македонија во овој поглед?