ВМРО-ДПМНЕ контра Наумов: Зошто беше подигнат прагот за ДДВ обврзниците?
Објавено во: Економија 10 Март, 2016 16:14
Од владеачката партија реагираат на обвинувањата од дополнителниот заменик министер Кире Наумов кој тврди дека надлежните индиректно почнале да ги зголемуваат даноците.
„Да го потсетиме дополнителниот заменик Наумов дека прагот за пријавување на ДДВ обврзници во Македонија секогаш се движел околу 1.000.000 денари, вклучително и во време на СДСМ кога прагот за пријавување ДДВ беше 1,3 милиони денари.
За да им се помогне на фирмите полесно да ги пребродат последиците од економската криза владата на ВМРО-ДПМНЕ го подигна прагот за ДДВ обврзници на 2.000.000 денари и пред две години повторно истиот беше сведен на 1 милион денари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата на Груевски посочуваат дека целта на тој потег била одржување на фер конкуренција на пазарот и воедно подобро позиционирање на малите фирми на пазарот од аспект на нивна препознатливост како ДДВ обврзници и соработка со големите фирми.
На оваа реакција пак со контра реакција се јави Кире Наумов.
Тој вели дека повратот на ДДВ за власта на Груевски бил само алатка за репресија.
„Очигледно е дека Вмро Дпмне и Никола Груевски не можат да се договорат сами со себе што ја подигнува конкурентноста на македонската економија. Дали е тоа намалувањето на прагот за регистрирање на ДДВ обврзник како што изјавија во 2010 година или зголемување на истиот како што се предомислија во 2014 година. Слободно нека си ги отворат архивите и нека прочитаат.
Исто така очигледно е дека не сакале да го отворат последниот извештај на Светска Банка за јавните расходи во Република Македонија-Фискална политика за раст“, вели Наумов.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




