23 Септември, 2018
0.3979
    ALK 8001    -0.04%     BESK 10100    0%     CEVI 1000    0%     GRNT 820    0%     KMB 5174.73    0.16%     MPOL 314    0%     MPT 47013    -1.53%     OHB 6600    0.79%     OKTA 4296.07    0.92%     RZTK 526    0%     RZUS 108    0%     STB 1115    0.54%     STBP 1158    0.73%     TNB 14007.94    0.06%     TTK 1135    -0.03%     UNI 2307.38    -0.99%

ВМРО-ДПМНЕ тргнува во поход против Законот за јазици и двојазичноста

Објавено во: Анализа 25 Јануари, 2018

ВМРО-ДПМНЕ реши да се разбуди од зимскиот сон и да се врати во Собранието каде најави дека тргнува во поход со цел да преземе се што е во негова моќ за спречување на Законот за употреба на јазици кој за нив е неуставен и ќе наметне непотребна двојазичност која ќе го загрози македонскиот јазик, така и јазиците на етничките заедници кои се под 20%. 

ВМРО-ДПМНЕ и претходно упатуваше критики и уште во текот на кампањата пред парламентарните избори во декември 2016 година тврдеше дека ќе биде воведена двојазичност на целата територија на Република Македонија, но кога се носеше законот не присуствуваше во Собранието, немаше поднесено амандмани и освен во првата фаза во комисиската процедура не направи никаков дополнителен чекор да се спротистави.

Затоа сега, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев најави дека пратениците на опозицијата се враќаат во собраниските клупи за да го спречат Законот за јазици преку достава на амандмани, а побараа и формирање на работни групи од сите партии како и со претставници на научните институции, претседателот на Република Македонија и МАНУ за да се спречи носење на закон кој во себе содржи неуставни одредби и елементи.

„Сосема непотребно двојазичноста се спроведува на целата територија на Република Македонија. Тоа единствено носи товар за буџетот, а не во корист за граѓаните. Со овој закон целосно се деградира употребата на македонскиот јазик“ изјави Јанчев.

Од ВМРО-ДПМНЕ исто така истакнуваат дека законот не смее да биде донесен на сила во повторената постапка откако претседателот Иванов не го потпиша указот и ги посочуваат бројните критики од експертската јавност, од многу професори и аналитичари кои ги детектираа сите спорни елементи кои се надвор од Уставот и Охридскиот рамковен договор. 

„Преку нашето присуство во парламентот ќе се обидеме уште еднаш да ги убедиме пратениците од парламентарното мнозинство во ризикот од последиците на носење на овој закон, кој не само што излегува надвор од рамките на Уставот и охридскиот договор, туку ги става во подредена позиција на Турците, Ромите, Србите, Бошњаците и припадниците на сите останати етнички заедници во Република Македонија“ најави Јанчев.

По „ветото“ на Иванов на парламентарното мнозинство му е потребно обично гласање за да го усвои повторно законот за јазиците, но овој пат ќе ја има опозицијата пред себе која може да го пролонгира гласањето со достава на голем број на амандмани и редовна расправа.

Х.С.