26 Април, 2024
0.0278

ВМРО-ДПМНЕ за градинките: Изјавите на Мила Царовска се несериозни и патетични

Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес конференцијата на Мила Царовска, од СДСМ која обвинуваше за негрижа за детските градинки кои ги нема во доволен број и дека во постоечките градинки капацитетите се преполни и скандалозно е што запишувањето во градинките оди само преку роднински или партиски врски.

- Граѓаните не им веруваат на манипулациите на СДСМ, затоа што можат да ја видат разликата. Откако ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката на граѓаните отворени се 54 градинки и во градовите, но и во руралните населби. Патем, во 2006,  опфатот на деца од 0 до 6 години во градинки бил околу 9% а сега е 26%.  Додека пак опфатот на деца од 3 до 6 години бил околу 12% а сега околу 40%. Новите детски градинки отворија и нови 1400 вработување на стручен кадар. велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

- Дополнително со поволностите кои беа овозможени од  Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за поттикнување на отворање на приватни детски градинки, во моментов функционираат 28 приватни детски градинки кои отворија нови 150 работни места. Во моментов се работи на градинки во Аеродром, Чучер Сандево, Маџари-Гази Баба, Маврово-Ростуше, Новаци, Карпош, Врапчиште, соопшти владејачката партија.

Исто така ВМРО-ДПМНЕ останува на планот во новиот мандат на владата да изгради или реновира 140 нови градинки. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот