17 Мај, 2024
0.0298

ВМРО-ДПМНЕ: За нас е прифатливо промена на уставот по хрватскиот модел

Објавено во: Македонија 02 Април, 2023

Добивај вести на Viber

За ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо да се направи измена на Уставот по хрватскиот модел, соопштија денеска од најголемата опозициска партија. Ова денеска го соопшти гласноговорничката Марија Митева на прес-конеференција.

„Власта многу пати досега на темата уставни измени во јавноста ги пласираше тезите за промена на уставот на Република Македонија, по моделот во Република Хрватска. Оваа држава, Република Хрватска, е земја членка на ЕУ па оттука и промената на уставот по т.н хрватски модел за ВМРО-ДПМНЕ е сериозно применлив и прифатлив. Затоа, испраќаме јавна понуда до власта при промена на нашиот устав да го примениме хрватскиот модел во целост во однос на преамбулата.

Со тоа, Македонија ќе го промени мултиетничкот карактер во унитарен и аналогно на тоа Македонија ќе е држава на македонскиот народ и држава во која припаѓаат националните малцинствата, кои живеат тука“, рече Митева.

Таа прецизираше како во тој случај би изгледал македонскиот устав, односно преамбулата ако би се земала во предвид хрватската преамбула.

"Република Македонија се воспоставува како национална држава на македонскиот народ и држава на припадниците на националните малцинствата: Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и др., кои се нејзини државјани, на кои им се гарантираат исти права со тие на македонскиот народ и остварување на националните права, во согласност со демократските норми на Организацијата на Обединети Нации.

Со тоа, сегашната преамбула ќе претпри значителна промена од причина што актуелната преамбула гласи:
"Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите", гласи предлогот кој го објави Митева.

Според тоа, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена сите националности кои се забележани во последниот попис да бидат дел од националните малцинства, но Македонија да биде унитарна држава.

„Ваков модел, во оваа форма ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија е подготвена веднаш да поддржи, без никакви условувања.

Очекуваме СДСМ и ДУИ да го прифатат овој предлог од причина што самите постојано се прокламираат за европски политичари, па оттука после нивните изјави со кои хрватскиот модел го предлагат како најсоодветен пример за промена и примена во Македонија не веруваме  дека сега би биле против овој модел и би одбиле Македонија да биде унитарна држава.“, наведе портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок