ВМРО-НП: Прославата на „Битката на Зебрњак“ беше попомпезно обележана од Денот на македонската револуционерна борба
Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2025 13:35
ВМРО-Народна партија изразува голема загриженост што оваа година прославата на „Битката на Зебрњак“ после која е окупирана Македонија и со која започнува 23 годишната српска окупација на нашата земја е одбележана на многу помпезен начин и со поголема манифестација отколку Денот на македонската револуционерна борба.
„Исто така загрижени сме што бројот на настани со кои се одбележува српската окупација на Македонија ги надмина и државните празници во земјата. Само да потсетиме, секоја година со големи манифестации се прославуваат битките кај Кајмакчалан, Брегалница, Зебрњак, Удово, битката кај Рамне, „денот на победата“ во Битола, и сето тоа со македонски државни пари од македонскиот буџет со кои се слави окупациона војска на територијата на Македонија. Но, посебно сме загрижени што на тие прослави Македонија е претворена во поле на омраза, така што пред два дена чувме омраза, реваншизам и шовинизам против Турците, Бугарите, Албанците и муслиманите, а да не зборуваме за тоа што редовно Македонија се нарекува „стара и јужна Србија“, а Македонците „срби кои биле ослободени“, стои во реакцијата на ВМРО-НП.
Додаваат дека овие навреди кон македонскиот народ овој пат беа надоградени и со нов идентитет и наратив обраќајќи се со „браќа северномакедонци“.
Можеби ќе ве интересира
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат




