Внесете го летото и приредете вистински летен фестивал преку ентериерот во вашиот дом
Објавено во: Мои пари 22 Јуни, 2015 12:10
Со доаѓањето на летната сезона и топлото време, домот е единственото место кое треба да ни ја понуди потребната релаксација и опуштена атмосфера. Поради тоа, неопходно е да биде светол и релаксиран и уреден соодветно на годишното време. Разладувањето во летните горештини што се чувствуваат и во домот, се постигнувасо задолжителните освежителни пијалаци и разладувачки уреди, но и ентериерот знае во голема мера да придонесе за посакуваната цел. Како и за секоја сезона од годината, така и овој пат, реномираниот италијански бренд Coincasa, преку својата најнова колекција понуди уникатни, впечатливи и разиграни декоративни елементи што ќе доловат и воведат потребната живописност на домот.
Колекција: ESTATE (ЛЕТО)
Летен ветер
Оваa вкрстена колекција е дизајнирана да го долови амбиентот на куќи покрај морето и езерата, со декорации во форма на риби и морнарски стил, но и градски домови со етно мотиви и материјали.
Колекцијата е окарактеризирана со нијанси на интензивна сина и песочна боја, со примеси на црвената нијанса на бела основа.
За мебел штофовите и предметите употребена е прашливата сина боја која што се карактеризира со мали цртежи инспирирани од Медитеранските поплочени и етнички дезени.
На прекривките на масите, чаршафите доминираат морските елементи и симболи, сидра, кормила, риби,корали, морски линии, кои исто така ги декорираат и садовите, сервисите за јадење, чашите и стаклото со бисерен отсјај.
Предметите се карактеризираат со нови занаетчиски вештини отсликани пред се во стаклените вазни, керамиката, корпите, фенерите, огледалата и ѕидните декорации.
Дури и за постелнините и декоративните перници, инспирација се повторно морските елементи, со тонови на сина, песок боја и црвените детали: линиите се измешани со цртежи на риби, бродови како и еднобојните перници изработени од лен или памук.
КОЛЕКЦИЈА: FESTA ESTATE (ЛЕТЕН ФЕСТИВАЛ)
Тропски ритам
Оваа колекција ја карактеризираат светлите зелени, портокалови, циклама и жолти бои, како и дезените со тропска флора и фауна со пресечени линии, форми и силни бои.
Цветови на хибискус и папагали, тукани и орхидеи се пресликани на прекривките за маса, садовите, перниците и бањарките.
За уредувањето на градината пак, заслужна е колекцијата Garden Party (Забава во градина) чии главен акцент паѓа врз светлата, светулките и декоративните пластични садови.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете








