Внимавајте со овие хороскопски знаци: Тие се како темпирана бомба
Објавено во: Општо 03 Септември, 2016
Некои знаци во хороскопот се премногу импулсивни и ги нервираат најмали ситници.
Овен
Тие се вистинска темпирана бомба на две нозе. Кога ќе „одлепат“, експлодираат во истиот момент и воопшто не се грижат како нивното однесување ќе се одрази на околината. Многу викаат, врескаат, па тешко на оној на кој се намерени, било тој да е причина за нивната лутина или обична колатерална штета. Она што е најважно е таа личност да остане ладна, па така Овенот најбрзо ќе се врати во нормала. Многу брзо се оладуваат па после им е жал што така се однесувале, па се извинуваат, но тоа не значи дека нема повторно да дигнат се во воздух.
Бик
Ако ви се налути Бикот, прво на суптилен начин ќе се обиде да ви даде до знаење за тоа. Ќе се оддалечи и олади, а ако види дека не реагирате ќе се трансформира во вулкан и сета своја лава ќе ја истури врз вас. Тоа е бес кој брише се пред себе, затоа би било добро да се спасувате додека можете. Ако ја немате таа среќа молете се тоа торнадо да помине што побрзо.
Близнаци
Кога те ќе се налутат, најдобро би било да ги затворите ушите или пуштете музика најгласно, бидејќи од нивната уста може да излезат зборови кои нема да ви се допаднат. Викаат, врескаат, а знаат и прилично да навредуваат. Поради својата дволична природа, тие можат својата лутина да ја изразат и на друг начин-ќе бидат ладни, но поради дна нвна реченица ќе зажалите што сте се родиле. Никогаш, ама никогаш не им кажувајте како би требало да живеат инаку ќе бидете нивна секојдневна жртва за малтретирање.
Лав
Сосема очекувано за кралот на животните, кога Лавот ќе одлепи, тој рика како да е во шума. Тоа не е обичен бес, туку вистинска бура, и што повеќе е гласен и вика, тој се поубаво се чувствува. За него е карактеристично многу да навредува, бидејќи во тој момент се грижи само за тоа како тој се чувствува, а не како неговите зборови ќе влијаат на другата личност. Толку нема проблем да и прости на другата страна ако го навреди, толку гордоста не му дозволува да се извини, иако му е јасно дека погрешил.
Скорпија
Нејзе и треба многу за да се налути, но кога ќе се најде во таа фаза, тргнете и се од патот, бидејќи таа ја гори и кожата и мозокот со својот отровен јазик. Станува саркастична и брутална кон личноста која ја разбеснила. Таа воопшто не е тип кој опростува и заборава, туку психички ќе го малтретира оној на кој е лута. Нема да застане се додека не направи емоционален хаос и вистински човечки остатоци од таа личност.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.