19 Декември, 2025
0.2916

Во 2021 исплатени 42 милиони евра за повластените производители на електрична енергија

Објавено во: Економија 06 Мај, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Исплатените средства за поддршка на повластените производители на електрична енергија од обновливи извори изнесуваат безмалку 42 милиони евра. Распределената повластена тарифа е објавена од операторот на пазарот за електрична енергија МЕМО, преку кој оди исплатата, како и од Регулаторната комисија за енергетика. Сумата, која ја плаќаме преку сметките за електрична енергија, е слична како и ланската.

Претходно Државниот завод за ревизија апелираше да се намали оваа сума, бидејќи најверојатно е превисока за повратниот ефект. 

Просечната цена на продажбата на електрична енергија со повластена тарифа од малите хидроцентрали, соларните и ветерни централи како и од оние на биогас, изнесувала 102 евра по мегаватчас во 2021.

Нивниот број минатата година изнесувал 202 производители кои користат повластена тарифа, а нивното учество во вкупниот инсталиран капацитет во земјата изнесувал 7 отсто со 406 произведени гигаватчасови.

„Просечната цена на електричната енергија, произведена од повластените производители кои користат повластена тарифа, во 2021 година изнесува 6,28 ден./kWh и е најниска од почетокот на примена на повластените тарифи до денес“, велат од РКЕ.

Во 2021 година за произведената електрична енергија од мали хидроелектроцентрали исплатени се 1.109.774.102 денари, а најмногу добиле Јабланица (39.488.660), Тополки 316 ( 36.077.815) и Бистрица 99 (29.049.149) меѓу 97 од нив.

Кај фотонапонските, од вкупно 281.948.908 денари за произведени 22.515.377 kWh, меѓу стотината централи најмногу добиле  Мега Солар (36.743.244), Торпедо Солар (23.867.046) и Лагово (23.022.096, 

За ветерната централа во Богданци се исплатени 566.864.713 денари а за термоелектроцентралите на биогас во Породин, Логоварди и онаа на Везе Шари дадени се 597.067.261 денари за произведени 53.817.744 kWh електрична енергија.

„Карактеристично за 2021 година е тоа што за првпат по воведувањето на повластените тарифи како мерка за поддршка на обновливите извори на енергија, бројот на повластени производители е помал споредбено со претходната година. Причина за ваквиот тренд е тоа што во 2021 година е пуштена само една нова електроцентрала којашто користи повластена тарифа, додека две електроцентрали, една мала хидроелектроцентрала и една фотонапонска електроцентрала, го изгубија својот повластен статус“, објави РКЕ.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба