25 Февруари, 2024
0.0262

Во 2024 година нормализирање на работењето на Групација Триглав согласно стратегијата

Овогодинешниот резултат под влијание на елементарни непогоди и регулирање на цената на дополнителното здравствено осигурување

Објавено во: Мои пари 30 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Групацијата Триглав во првите девет месеци од оваа година го зголеми обемот на работа за 12 проценти, на 1.390,1 милиони евра, задржувајќи ја финансиската моќ и водечката позиција на пазарот во Словенија и во регионот Адриа. На деветмесечните резултати влијаеа овогодинешните еднократни негативни настани, особено исклучително масовните штетни настани, чијашто проценета вредност, земајќи ја предвид заштитата од реосигурување, изнесува 55,1 милиони евра, како и загубата во сегментот на здравствено осигурување, која што беше предизвикана со регулирањето на цените на дополнителното здравствено осигурување, и која што достигна 28,5 милиони евра. Инфлациските притисоци врз побарувањата за исплата на штети и врз трошоците, исто така, влијаеа на работењето. Деветмесечниот деловен резултат пред оданочување на Групацијата беше негативен и изнесуваше -11,8 милиони евра. Групацијата ја потврдува веќе објавената проценка на полугодишно ниво дека деловниот резултат за цела година, пред оданочување, ќе биде околу 80 посто помал од првично планираниот, доколку побарувањата за отштета до крајот на годината се во рамките на очекувањата. Во 2024 година групацијата очекува нормализирање на работењето согласно стратешките насоки и планира деловен резултат пред оданочување меѓу 100 и 120 милиони евра. Планирано е вкупниот обем на деловно работење да биде околу 1,6 милијарди евра, а комбинираниот количник на имотни и здравствени осигурувања околу 95 проценти. Надзорниот одбор на осигурителното друштво на седницата одржана на 29.11.2023 година, повторно ги именуваше претседателот на одборот и двајца членови на одборот за нов петгодишен мандат, чиј досегашен мандат истекува следната година. Групацијата доследно ја спроведува својата стратегија во насока на раст, развој и поддршка на своите одржливи амбиции.

Најважни деловни случувања во деветте месеци од 2023 година

Во однос на истиот период минатата година, Групација Триглав го зголеми вкупниот обем на деловно работење за 12 отсто, на 1.390,1 милиони евра. Успешно работеше во секторот инвестиции и управување со средства на клиенти во взаемни инвестициски фондови и во индивидуално управување, како и во сегментотЖивотноосигурувањеи пензии. Негативните еднократни фактори од опкружувањето предизвикаа загуба во сегментите Имот и Здравство, а истото се одрази и на комбинираниот количниккај овие сегменти во висина од 105,0 отсто (7,2 процентни поени повеќе од минатата година). Деветмесечниот деловен резултат на Групацијата пред оданочување достигна негативни -11,8 милиони евра (33,6 милиони евра во истиот период минатата година), а нето деловниот резултат на Групацијата беше -11,3 милиони евра (27,6 милиони евра минатата година).

Претседателот на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, објасни: »Поради овогодинешните елементарни непогоди бележиме историски високи штети, а воведувањето на регулација на цената на дополнителното здравствено осигурување во Словенија резултираше со загуба во сегментот Здравство. Дополнително негативно влијание врз деветмесечните резултати имаат инфлаторните притисоци врз штетите и трошоците, кои што се присутни од минатата година. Во однос на годишните резултати, ја потврдуваме веќе објавената полугодишна проценка, дека годишниот резултат во сегментите Имот и Здравствово Словенија ќе биде негативен, а деловниот резултат на Групацијата пред оданочување во 2023 година ќе биде за околу 80 отсто помал од првично планираното, претпоставувајќи нормален развој на побарувања за отштета до крајот на годината. Му благодарам на тимот на Триглав за трудот и посветеноста на работата што гидемонстрираат во овие услови“.

Финансиски резултати за девет месеци од 2023 година

Групацијата Триглав е капитално силна, финансиски стабилна и соодветно ликвидна. На крајот на деветтиот месец од 2023 година, нејзиниот биланс е зголемен за 10 отсто во однос на крајот на 2022 година, на 4,3 милијарди евра, а вкупната вредност на капиталот изнесува 842,0 милиони (индекс 94).

Вкупниот обем на работењето на Групацијата достигна 1.390,1 милиони евра (индекс 112), а бруто полисираната премија од осигурување, која што има учество од 92%, се зголеми на 1.282,8 милиони евра (индекс 112). На словенечкиот пазар растот на премијата изнесува 11 отсто, на меѓународниот пазар 25 отсто, на останатите пазари од регионот Адриа 6 отсто. Останатите приходи изнесуваат 107,4 милиони евра (индекс 115).

Деветмесечниот деловен резултат пред оданочување на Групацијата изнесува -11,8 милиони евра (минатата година: 33,6 милиони евра), подетално:

§  Деловниот резултат од осигурување е негативен и изнесува -33,9 милиони евра (25,7 милиони евра минатата година). Сегментите Живот и пензии остварија добри резултати, додека сегментите Имот и Здравство забележаа загуба поради зголемениот обем и интензитет на штети и регулирање на цените на дополнителното здравствено осигурување. Приходите од осигурителните услуги се зголемени за 12 отсто, на 1.088,9 милиони евра, пресметаните штети за 61 отсто, на 1.009,6 милиони евра, а трошоците за стекнување наосигурување, административните и неприпишаните трошоци за 15 отсто, на 262,5 милиони евра.

Членот на управа на Заваровалница Триглав, Урош Иванц објасни: „Од минатата година високата инфлација и инфлаторните очекувања силно влијаеја на движењето на нашите расходи и побарувања. Одговоривме со низа мерки во однос на ликвидација на побарувањата и управувањето, како и со рационализација на деловните трошоци. Истовремено, ги корегиравме и осигурителните премии и премиски стапки, што е мерка, која што секогаш со задоцнување се одразува на приходната страна. Овој ефект е делумно видлив во овогодинешниот приход од осигурителните услуги, но целосно ќе се одрази на деловното работење во следната година“.

§  Деловниот резултат од инвестицискиот дел достигна 14,9 милиони евра (минатата година - 7,2 милиони евра), што беше под влијание на поволното движење на финансиските пазари и спроведувањето на планираната инвестициска политика на Групацијата. Годишниот поврат на финансиските инвестиции на Групација Триглав, со исклучок на инвестициите во корист на осигурениците, кои го преземаат инвестицискиот ризик, во девете месеци од годинава изнесува 1,5 отсто, а во истиот период минатата година 0,2 отсто.

§  Деловниот резултат од неосигурителни активности достигна 7,2 милиони евра, што воглавно се должи на добриот резултат во управувањето со средства.

Овогодинешното работење беше значително погодено од природни катастрофи, кои штопредизвикаамасовни штети на Групацијата во проценет бруто износ од 184,4 милиони евра, а со оглед на заштитата од реосигурување, нивната проценка е 55,1 милиони евра. Членот на Управниот одбор, Урош Иванц додаде: »Според сегашните проценки, невремето со град и ветер и августовското невреме со поплави во Словенија предизвикаа бруто штети од 166,3 милиони евра. Повеќето од другите пазари на Групацијата исто така беа погодени од такви природни катастрофи. Најголемиштети има во Хрватска (4,4 милиони евра) и Србија (4,2 милиони евра). Проценетите масовни штети од реосигурување изнесуваат 9,1 милиони евра“.

Останатите сеопфатни приходи беа позитивни и достигнаа 15,8 милиони евра (61,3 милиони евра во истиот период лани).

Со активно управување со инвестициите, Групацијата го задржа составот на инвестициското портфолио, што е споредливо со состојбата на крајот на 2022 година. Најголемо учество, 54,3 отсто од вкупното инвестициско портфолио, имаат обврзниците на развиените пазари и претежно со висок кредитен рејтинг. Одржливите инвестиции со фиксен приход достигнаа 231,1 милиони евра на крајот на третиот квартал (индекс 104 во однос на крајот на 2022 година) и имаат 10,0% учество во портфолиото на обврзници. Вредноста на целото портфолио (вклучувајќи инвестициски недвижности, вложувања во поврзани друштва, инвестиции во корист на осигурениците на животно осигурување, кои го преземаат инвестицискиот ризик и финансиските вложувања од финансиски договори) на крајот од третиот квартал од 2023 година изнесува 3.333,4 милиони евра. Тоа е за 2 отсто повеќе отколку на крајот на 2022 година.

Резултати во третиот квартал од 2023 година по сегменти

Сегмент Имот (неживотни осигурувања): Вкупниот обем на деловно работење изнесува 974,8 милиони евра (индекс 115), а приходите од осигурителни услуги изнесуваат 869,3 милиони евра (индекс 115). Под притисок на обемот на масовните побарувања и инфлацијата, пресметаните штети се зголемени за 76 отсто, на 821,8 милиони евра, а трошоците за прибава на осигурување и административните трошоци, вклучително и неприпишаните, за 18 отсто, на 210,5 милиони евра. Комбинираниот количникна сегментот Имот се зголеми на 102,7 отсто (97,3 отсто минатата година) поради влошувањето на штетниот количник. Деветмесечниот деловен резултат пред оданочување изнесува негативни -12,6 милиони евра (минатата година: 23,4 милиони евра).

Сегмент Живот и пензии: Вкупниот обем на работење се зголеми за 11 отсто, на 223,2 милиони евра. Профитабилноста на новиот бизнис е 13,7 отсто (2,5 процентни поени повеќе од лани), маржата за договорни услуги е зголемена за 27 отсто, на 215,3 милиони евра, а учеството на новосоздадената маржа за договорна услуга во вкупниот износ учествува со11,6 отсто. (13,3 отсто лани). Деловниот резултат пред оданочување достигна позитивни 21,4 милиони евра.

Сегмент Здравство: Вкупниот обем на деловно работење изнесува 157,2 милиони евра (индекс 103), при што премијата одкомплементарни осигурувања достигна висок раст од 37 отсто, додека премијата на дополнителното осигурување се задржа на минатогодишното ниво. Пресметаните штети се зголемени за 22 отсто, на 168,5 милиони евра, а комбинираниот количник се влоши на меѓугодишно ниво за 17,7 процентни поени, на 118,0 отсто. Сегментот оствари загуба пред оданочување од -28,5 милиони евра.

Управување со средства и други неосигурителни активности Вкупниот деловен обем на неосигурителните друштва на Групацијата достигна 35,0 милиони евра (индекс 88), а неговото намалување на годишно ниво е резултат на минатогодишниот висок обем поради остварената добивка од продажба на инвестициски недвижности. Приходите од управување со инвестициски фондови и преку индивидуално управување се зголемени за 4 отсто во однос на истиот период претходната година, а деловниот резултат во овој дел изнесува 6,9 милиони евра. Вкупно, деловниот резултат пред оданочување на неосигурителната дејност достигна 7,2 милиони евра.

Други резултати

Дивиденда. Редовното собрание на акционери на осигурителната компанија се одржа на 6-ти јуни, 2023 година, кога се потврди предлогот на управата и на надзорниот одбор за исплата на дивиденда во износ од 2,50 евра бруто по акција и во вкупен износ од 56,8 милиони евра (нешто повеќе од 50 отсто од консолидираната нето добивка за 2022).

Надзорен одбор на Заваровалница. Назначени се нови членови во Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав, повеќе информации на веб-страницата на компанијата.

Управата на Заваровалница Триглав. На 2-ри март, 2023 година, Блаж Јакиќ го започна својот петгодишен мандат како член на управниот одбор на Заваровалница Триглав. На 29-ти ноември, 2023 година, Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав го именуваше Андреј Слапар за претседател на Управниот одбор со нов петгодишен мандат. Тој ја извршува оваа функција од мај, 2013 година, а неговиот нов петгодишен мандат започнува на 13-ти ноември, 2024 година. Надзорниот одбор се согласи со предлогот на претседателот на управниот одбор и повторно ги именуваше Урош Иванац и Тадеј Чоролиј за членови на управниот одбор на осигурителната компанија. Тие ја презедоа таа функција во јули, 2014 година, обновениот петгодишен мандат на Урош Иванац започнува на 16-ти јули, 2024 година, а на Тадеј Чоролиј на 31-ви јули, 2024 година.

Андреј Андољшек, претседател на Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав, рече: »Надзорниот одбор позитивно ја оценува соработката и меѓусебната доверба помеѓу Надзорниот одбор и Управниот одбор. Во име на Надзорниот одбор, на Управниот одбор му посакувам успех во спроведувањето на стратешките насоки на Групацијата Триглав.“

Деловен план на Групација Триглав за 2024 година1.

Групацијата очекува умерени макроекономски услови во 2024 година, а нејзиното работење ќе зависи од случувањата на финансиските пазари, влијанието на укинувањето на дополнителното здравствено осигурување, реосигурувањето и пазарниот потенцијал на пазарите, каде што е присутна. Во 2024 година, Групацијата планира да има вкупен обем на работа од околу 1,6 милијарди евра и деловен резултат пред оданочување помеѓу 100 и 120 милиони евра. Групацијата ќе се стреми да обезбеди високо ниво на профитабилност на осигурителниот дел од бизнисот, преку постигнување комбиниран количник на имотно и здравствено осигурување од околу 95 проценти.

Претседателот на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, објасни: „Во 2024 година планираме да го нормализираме работењето согласно нашата стратегија. Подобрувањето ќе се одрази и наштетниот и расходниот дел на комбинираниот количник и, секако, во остварениот деловен резултат. При планирањето на обемот на деловното работење, го зедовме предвид престанокот на дополнителното здравствено осигурување во сегментот Здравје, додека имаме намера да продолжиме да развиваме и нудиме комплементарни здравствени осигурувања.“

Групацијата доследно ќе ги спроведува своите стратешки насоки. Преку понатамошна дигитална трансформација и развој на услужно ориентирани деловни екосистеми, ќе се стреми кон централната стратешка цел за исклучително и униформно корисничко искуство на клиентите. Како водечка осигурителна и финансиска групација во Словенија и регионот Адриа, ќе ја зајакне својата позиција на пазарот и ќе бара можности директно, врз основа на принципот на слободен проток на услуги и преку партнерски односи. Ќе се залага за рационализација и ефикасност на трошоците (зголемување на продуктивноста, автоматизација, дигитализација и централизација), успешно управување со ризиците, финансиска стабилност и одржување на висок кредитен рејтинг од признати агенции за кредитен рејтинг. Политиката на дивиденди останува непроменета, како иакцијата на Триглав да биде профитабилна, сигурна и стабилна инвестиција за инвеститорите. На полето на одржливиот развој ќе ги следи поставените амбиции, согласно својата политика за одржлив развој.

-------------------------------------------------------

[1]Планираното работење наГрупација Триглав во 2024 година се заснова на перспективите, очекувањата за настаните и околностите и прогнозите што ги има компанијата вомоментот на изработка на планот. Вистинските резултати, операции и настани можат материјално да се разликуваат од оние што се планират моментално.

Клучни податоци за работењето на Групација Триглав во девет месеци од 2023 година

Објаснување во однос на методолошкиот пристап (MSRP 17): Почнувајќи од 2023 година, се префрливме на користење на сметководствените стандарди МСФИ9 и МСФИ17, што се одразува и во промената во пресметката на некои показатели за деловните перформанси за деветте месеци од 2023 година. Во известувањето ги прикажуваме податоците во согласност со новите стандарди, дури и за споредбениот период од претходната година. Со преминот кон МСФИ 17, врз резултатот влијае, меѓу другото, и начинот на признавање на договорите за осигурување, износот на усогласување за ризик со влијание врз загубата на штетни договори, износот на резервите за масовни штети и пристапот, кој што се користи во однос на трошоците за подмирување на штети. Целокупниот делокруг на работа, пресметаната бруто премија за осигурување и пресметаните штети ги прикажуваат категориите како што се дефинирани според МСФИ 4.

Речник:

Вкупен деловен обем. Вклучува бруто полисирана премија, премии за соосигурување и реосигурување, други приходи од осигурување и други приходи. Податоците ја земаат предвид елиминацијата на интеркомпаниските трансакции.

Маржа за договорна услуга (CSM – contractual service margin). Ја покрива неостварената добивка што компанијата очекува да ја оствари од договорите за осигурување. Се пресметува врз основа на очекуваните идни парични текови (приливи и одливи), земајќи ја предвид временската вредност на парите и прилагодувањата за ризиците.

Комбиниран количникна имотно и здравствено осигурување. Пресметката на количникотспоред МСФИ17 е променета во однос на пресметката според МСФИ4, пресметката на штетниот и расходниот количник е прикажана подолу.

Штетен количник = (Штети + промена во идните парични текови + промена во искуствените прилагодувања+ промена воштетните договори + резултат од реосигурување) / Приходи од осигурителни услуги.

Расходен количник = (Припишани и неприпишани трошоци+ нето други расходи за осигурување (намалени за други приходи од осигурување) ) / Приходи од осигурителни услуги.

Профитабилност на нов бизнис = (Ново создадена маржа на договорна услуга(CSM) + загуба одштетни договори) / Сегашна вредност на нови премии.

Деловен резултат од осигурување = Приход од осигурителни услуги − Пресметани штети –Трошоци за прибава на осигурување и административнитрошоци, вклучително и неприпишани трошоци + Нето резултат од договори за реосигурување + Нето други приходи и расходи од осигурување.

Пресметана штета = Штети + промена во идните парични текови + промена во искуствените прилагодувања+ промена на штетни договори.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Хотел „Фламинго“ казино - Гевгелија по четврти пат домаќин на крводарителска акција

Хотел „Фламинго“ казино - Гевгелија по четврти пат домаќин на крводарителска акција

ЗАПРЕТЕ ГО ПРОЦЕСОТ НА СТАРЕЕЊЕ НА ВАШАТА КОЖА И ТЕЛО

ЗАПРЕТЕ ГО ПРОЦЕСОТ НА СТАРЕЕЊЕ НА ВАШАТА КОЖА И ТЕЛО

„Литература.мк“ и „Џез ФМ“ радио носат нов, автентичен и оригинален музички концепт на урбаната сцена

„Литература.мк“ и „Џез ФМ“ радио носат нов, автентичен и оригинален музички концепт на урбаната сцена

Со поддршка од Клиника Жан Митрев се одржа вториот симпозиум на Друштвото на кардиолошки сестри

Со поддршка од Клиника Жан Митрев се одржа вториот симпозиум на Друштвото на кардиолошки сестри

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за изминатата година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за изминатата година

Македонски Телеком со позитивни резултати, раст и лидерство во 2023 година

Македонски Телеком со позитивни резултати, раст и лидерство во 2023 година

Samsung ја најавува новата и подобрена фитнес нараквица Samsung Galaxy Fit3

Samsung ја најавува новата и подобрена фитнес нараквица Samsung Galaxy Fit3

Каратистите на „Макпетрол“ ќе се натпреваруваат на Балканското првенство во Подгорица

Каратистите на „Макпетрол“ ќе се натпреваруваат на Балканското првенство во Подгорица

Кожувчанка договори соработка со Кошаркарската Федерација на Северна Македонија

Кожувчанка договори соработка со Кошаркарската Федерација на Северна Македонија