20 Декември, 2025
0.0487

Во 2035-та Европа со нова карта и граници

Објавено во: Свет 14 Јануари, 2013 18:36

Добивај вести на Viber

На основа на документи на ЦИА, руската служба ГРУ и уште неколку извори,руски експерти ја нацртале картата на Европа во 2035 година.  Во наредните дваесеттина години Европа ја чекаат големи промени,  кои на основа на документите на ЦИА, руската служба ГРУ и експертските групи, ја нацртале картата на Европа во за 2035 година. Серијата на големи територијални промени ќе започне во Британија, каде Шкотска ќе прогласи независност, и би можела да се соедини со Ирска, пишува руски “Експрес”. Каталонците и Баскијците ќе прогласат независност од Шпанија, што ќе предизвика последици и во соседна Франција каде ќе започне распадот на “мултикултурализмот”. На југот на Франција ќе настане исламска држава, а областа Лорен ќе се соедини со Германија. Ќе се распадне и Белгија, додека Италија ќе се раздели на богат север и сиромашен југ, а Сардинија и Сицилија ќе прогласат независност. Територијата на Босна и Херцеговина ќе ја поделат Србија и Хрватска, а ќе настане и голема Албанија, која ќе ја сочинуваат Албанија, Косово и мал дел од Македонија. Тажна судбина ја очекува и Полска, сметаат руските експерти, која ќе мора да се откаже од делови на својата територија по серија од нови договори меѓу Русија и Германија. Белорусија ќе ја снема и ќе стане дел од Русија, како и некои делови од балтичките држави и Украина. Големи промени се очекуваат и на Кавказ, бидејќи експертите сметаат дека Русија нема да може да ги задржи Чеченија и Дагестан.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја