19 Декември, 2025
0.0535

Во април над 76.600 патници на македонските аеродроми

Објавено во: Економија 13 Мај, 2013 09:30

Добивај вести на Viber

Во текот на април месец забележан е најголем пораст на бројот на патници на аеродромите во Република Македонија, кога на двата аеродрома заедно се регистрирани вкупно 76.653 патници и е пораст за 12.3 отсто во однос на истиот месец минатата година.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во текот на април биле регистрирани вкупно 74.381 патник, а на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид биле регистрирани 2.272 патници.

По реализирањето на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија, забележан е континуиран раст на бројот на патници и летови и бројот на компании кои оперираат на нови дестинации. Исто така, дополнително зголемување на бројот на патници е овозможено со имплементирањето на Проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај со што се овозможија нови директни летови до голем број дестинации по поволни цени за патниците, се посочува во соопштението од Министерство за транспорт и врски.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?