30 Април, 2024
0.0277

ВО БОЛНИЦА ЗАВРШИЛЕ 10 ОТСТО ОД НОВОЗАБОЛЕНИТЕ - има повеќе починати во однос на претходната недела

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Институтот за јавно здравје денес го објави неделниот извештај за периодот од 13 до 19 јули 2020 година, кој покажува намалување на бројот на новозаболени и оздравени лица, а зголемување на бројот на починати лица во однос на претходната недела.
Во дадениот период направени се вкупно 8.161 тестирања (1.834 помалку од периодот 6–12 јули што се должи и на еден дополнителен неработен ден) и регистрирани се 1.038 позитивни случаи на Ковид-19, што е за 35 случаи помалку од претходната недела.
Новозаболени се регистрирани во 26 града, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (39,9 отсто) и во Штип (14,4 проценти). Во 17 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.
Во овој период се забележува промена на старосната структура на новозаболените во однос на претходните недели, при што најголем процент се лица помеѓу 40–49 години и тоа 21,1 отсто, потоа лица над 60 години 20,6 отсто, а поголем број новозаболени се регистрира кај лица помеѓу 30-39 годиони и тоа 20,4 отсто и кај лица од 50-59 години - 19,7 проценти. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа 0-9 години – 2,2 отсто, и од 10-19 години – 3,5 отсто од вкупниот број на новозаболени.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 88 лица или 9,5 отстро од новозаболените, што претставува намалување за 2 отсто во однос на претходната недела на известување, а кај 275 лица или кај 29,5 отсто регистрирано е присуство на коморбидитети, што е за 2 отсто повеќе од претходната недела.
Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени, 38,6 отсто имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 12 лица (10 помалку од претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.
Во периодот 13-19 јули регистрирани се 545 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 472 лица помалку од претходната недела на известување (6 - 12 јули). Пред ова намалување од 40 отсто на неделниот број на оздравени лица, три недели бројот на оздравени лица бележеше раст за околу 40 отсто на неделно ниво.
Во периодот 13 до 19 јули, регистрирани се 44 смртни случаи, што е 8 повеќе смртни случаи од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 81,8 отсто. 41 од случаите се починати во болнички услови, а 3 вон болнички. Кај 35 од смртните случаи (79,5 отсто) регистрирани се претходни коморбидитети.
На 19 јули 2020 година, според извештаите од болниците КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клинички болници Битола и Штип, Општи болници Прилеп, Куманово, Велес и Гостивар, хоспитализирани се 392 лица позитивни на Ковид-19, од кои 102 се на кислородна поддршка, а 5 на механичка вентилација.

Можеби ќе ве интересира

„Бидете сигурни дека владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт“: Бајрами за можните договори по изборите

„Бидете сигурни дека владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт“: Бајрами за можните договори по изборите

Човек падна во шахта покриена со картон во Скопје

Човек падна во шахта покриена со картон во Скопје

МИЛОШОСКИ: Отфрлена жалбата на Академијата за судии и обвинители, се запира постапката за вработување на 130 лица

МИЛОШОСКИ: Отфрлена жалбата на Академијата за судии и обвинители, се запира постапката за вработување на 130 лица

Аделина Тахири повторно во први редови на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Аделина Тахири повторно во први редови на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

УДРИЛ ЖЕНА СО ВОЗИЛО, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ ЗОШТО ИМАЛ РАБОТА: Случајот најверојатно не е пријавен во полиција бидејќи и жената си заминала

УДРИЛ ЖЕНА СО ВОЗИЛО, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ ЗОШТО ИМАЛ РАБОТА: Случајот најверојатно не е пријавен во полиција бидејќи и жената си заминала

ДЕВОЈКА ОД КАВАДАРЦИ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ШТИП - причините за смртта допрва ќе се испитуваат

ДЕВОЈКА ОД КАВАДАРЦИ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ШТИП - причините за смртта допрва ќе се испитуваат

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот