Во Чешка најтешко се добива државјанство
Објавено во: Свет 11 Јануари, 2013 11:01
Според податоците на Европската статистичка служба Евростат, чешкиот Завод за статистика и чешкото Министерство за надворешни работи, Чешка е земја која во ЕУ најмалку доделува државјанства на странци.Инаку во Чешка четири проценти од населението го сочинуваат граѓани-државјани на други земји, годишно, чешко државјанство добиваат помалку од 2.000 апликанти.
Организациите за помош на странци, критикуваат дека со новиот Закон за државјанство, кој се наоѓа во Парламентотот, условите за добивање чешко државјанство уште повеќе се усложнуваат.
Во 2011 година, се регистрирани вкупно 436.400 имигранти, од нив над 198.000 имале дозвола за постојан престој, а чешко државјанство добиле 1.936 странци, од кои 278 биле Словаци.
Чешко државјанство може да добие странец кој во земјата имал најмалку пет години постојан престој, последните пет години не бил осуден за кривично дело со умисла, кој ќе покаже знаење на чешки јазик и историја, плаќа даноци и други давачки во земјата и ќе се откаже од претходното државјанство.
Според податоците на Евростат во 2009 година, најлесно до државјанство се доаѓало во Португалија која на сто мигранти издала 5,8 државјанства. На второ место била Шведска со 5,3 издадени државјанства, Чешка е последна со 0,25 доделни државјанства.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




