11 Мај, 2024
0.0242

Во чие раце ќе заврши авиокомпанијата Fly Niki?

Објавено во: Економија 23 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Европскиот авијациски пазар прави големи напори да се консолидизира откако повеќе компании банкротираа поради слабите приходи и долгорочното намалување на цените. Сега се бара решение за иднината на компанијата Niki формирана од екс Формула 1 шампионот Ники Лауда која беше дел од банкротираната „Air Berlin“.

Администраторите на банкротираната австриска авиокомпанија „Niki“ избраа два стратешки понудувачи да учествуваат во конечните разговори за нивните средства, објави „Ројтерс“. „IAG“, сопственик на „British Airways“ и нискобуџетниот оператор „Vueling“, е една од избраните компании, изјавија два извори за агенцијата.

Авиокомпанијата поднесе документи за банкрот откако германската компанија „Lufthansa“ се откажа од договорот за купување на своите средства, принудувајќи ги своите авиони и илјадници патници да останат приземјени.

Шест страни поднесоа понуда до крајниот рок од четврток, од кои пет се обврзувачки, рече администраторот на „Niki“, Лукас Флотер во соопштението без да даде дополнителни информации.

Лауда во четвртокот рече дека понудил да го купи „Niki“. Меѓутоа, неговата портпаролка во петокот изјави дека не може да потврди дали тој е меѓу двата останати кандидати за компанијата.

Германски весник тврди дека „Thomas Cook“ и „Tuifly“, сопственост на „TUI“, се меѓу другите понудувачи.

Друга заинтересирана страна е швајцарскиот превозник „PrivatAir“.

„IAG“ и „Thomas Cook“ одбија да коментираат на оваа тема, а од „TUI“ не беа достапни за коментар.


Можеби ќе ве интересира

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?