19 Декември, 2025
0.0625

Во „Државни патишта“ во просек 53.100 денари бруто-плата по вработен

Објавено во: Економија 25 Септември, 2020 11:18

Добивај вести на Viber

Платите во Јавното претпријатие за државни патишта освен тоа што во 2019 биле далеку над државниот просек, се зголемиле дополнително за 4.700 денари по вработен, вели годишниот извештај на независниот ревизор.

Бројот на работници останал ист и изнесувал 447 вработени, исто како и во 2018, но за истите биле поделени 25 милиони денари повеќе изминатата година.

Претпријатието кое гради магистрални, регионални и локални патишта прикажало околу 53.100 денари бруто плата по вработен, додека една година претходно таа била околу 48.400. Од друга страна просечната бруто-плата на национално ниво во текот на ланската година се движеше до 40.000 денари и се зголеми речиси незабележително.

Вкупните расходи за плати на вработените лани бил 285 милиони денари, или 25 милиони повеќе за една година. Во 2018 при ист број на вработени сумата била 260 милиони денари, а во 2017 овие трошоци биле 210 милиони денари, но тогаш имало само 386 вработени.

Претпријатието лани остварило пет милиони евра повеќе, а зголемени биле сите приходи - од патарини, акцизи и осигурување на возила.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии