Во екот на празникот, Османи честита со титлувана порака
Објавено во: Македонија 08 Април, 2018 12:01
Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи денеска го честита најголемиот христијански празник со видео порака.
Тој им го честита празникот на православните Македонци и Албанци и сите други што го слават, во духот на заедништвото ги посакува вредностите на солидарност, на добрина и на надеж, кои овој ден ги симболизира.
Видеопораката е снимена пред Бигорскиот манастир за, кој Османи вели дека е еден од најубавите православни манастири во светот, но и манастир кој во својата суштина претставува и точка на обединување на различностите во Република Македонија. Реканскиот крај, по течението на реката Радика, за него е еден од најубавите предели во Македонија.
- А денес е ден Велигден, најголемиот и најважниот празник на нашите православни сограѓани. Празник кој претставува симбол на солидарноста, добрината и пред се надежта. Тоа е причината зошто се наоѓам денес овде, во Бигорскиот манастир, може да се рече - еден од најубавите православни манастири во Светот, но и манастир кој во својата суштина претставува и точка на обединување на различностите во Република Македонија. Сите преданијата и легенди зборуваат дека луѓето од добра волја, од сите етнички заедници, Македонци и Албанци, заедно сплотени им пркоселе на предизвиците кои ги носеле времињата, во одбрана и заштита на овој манастир, вели Османи.
Видеопораката тој ја сними на македонски со титл на албански јазик и на англиски јазик.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




