20 Декември, 2025
0.0529

Во емисијата „Време за среќа“ почнува ТОП 5

Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2013 19:06

Добивај вести на Viber

Вечерашното издание  на емисијата Време за среќа на МТВ1 во 20:30 повторно отворено за многу воздбуда, забави и добивки. Со овој ТВ проект за прв пат во историјата на приредување на игри на среќа во Македонија, во една ТВ емисија ќе бидат сместени две игри на среќа, со цел поголема можност за добивки и радост на играчите на игри на среќа со бројчиња. Вечерва,  покрај можноста нашите играчи да се радуваат на добивките во второто коло на БИНГО БУМ, оставивме простор возбудата да расте со уште една нова игра која своето прво извлекување го има токму сега-ТОП5. Покрај сето ова, ова понеделничко издание на Време за среќа,  воведуваме уште една новина,  заедничка Бинго Бум вечер со нашите среќни играчи во ресторанот Бела. Имено, 300 парови, ќе добијат подарок од самиот ресторант, уплатени Бинго Бум картички и Бинго Бум коктел, а во прекрасниот амбиент на ресторанот ќе се игра Бинго Бум со следење на телевизискиот пренос во живо, а потоа сите ќе имаат прилика да се дружат со целата екипа која ја реализира емисијата Време за среќа, заедно со водителскиот пар Марјана и Викса. ТОП5 ќе се игра со извлекување на 5 од 35 бројчиња. Ова е нов продукт што Државна лотарија на Македонија го создаде како одговор на барањата на верни лото играчи кои покрај играта НовоЛото 7/34 во која играат за големи добивки, сакаат да играат и за почести, иако помали добивки. Во играта ТОП5 ќе се игра за 5тка, со што на љубителите на лото играта им се дава можност за време на очекување на големата 7ка, која во моментов изнесува близу 12.000.000 денари, да добијат и по неколку 5тки. Цената за уплата на една комбинација ТОП5 ќе е 15,00 а на едно ливче ќе може да се одиграат од една до десет комбинации. Само за потсетување, Првото коло од најновата игра на среќа Бинго Бум со новиот водителски пар, Виктор Петров Викса и прекрасната Марјана Станојковска, емитувано на 11.11, ја донесе и првата Бинго Бум премија. Во продажното место Венмарк во Свети Николе, е уплатена Бинго Бум картичката, која бројките од извлекувањето ја покажаа како добитна. Почнувајчи од вечерашното прво коло на ТОП 5, Државна лотарија на Македонија е во потрега по лице со кое ќе биде комплетирана водителската постава на емисијата Време за среќа. Токму и затоа Лотарија ги повикува сите девојки кои сонуваат да станат водителки, а поседуваат шарм, знаење , комуникативност и желба да бидат дел од екипата, да испратат свои податоци на социјалната мрежа Фејсбук на страната на Лотарија:  https://www.facebook.com/DrzavnaLotarija Вечерва, од 20: 30 на МТВ1 во емисијата Време за среќа,  атмосферата ќе ја надополни и комплетната постава на групата Биоритам кои ќе изведат и неколку музички нумери за загревање на атмосферата. Уплатата и за двете игри сеуште е во тек, затоа побрзајте и искористете ја можноста да стасате до некоја од бројните добивки кои ве очекуваат во БИНГО БУМ или ТОП5, чие извлекување го следите заеднички во Време за среќа на МТВ1 од 20:30. Уплатата за двете игри на среќа се затвора во вечерва во 19:30.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии