ВО ЕУ САМО СО НЕГАТИВЕН ПЦР: Ограничувањата за патувањата ќе бидат укинати само за земјите каде нема повеќе од 25 новозаразени
Објавено во: Свет 03 Февруари, 2021
Граѓаните од земји кои не се членки на Европската Унија,
кои патуваат од каква било причина во ЕУ при влез ќе мора да покажат негативен
ПЦР тест не постар од 72 часа, ова е препораката која ја усвои Советот на Европската
Унија. Освен тоа, за овие лица можен е и карантин во период од 14 дена, како и
следење на нивните контакти.
Ваквата мерка ќе биде задолжителна особено за патниците кои доаѓаат од држави каде е откриен некој нов сој на корона вирусот.
Истовремено, ЕУ ќе ги укине рестриктивните мерки за патување за земјите во кои нема повеќе од 25 новозаразени на 100.000 жители во рок од 14 дена, кои имаат стабилен или опаѓачки тренд на нови случаи, повеќе од 300 тестови на 100.000 жители во претходните 7 дена со не повеќе од 4 отсто позитивни тестови.
Ограничувања на патувања во ЕУ повторно ќе бидат воведени за оние земји каде епидемиолошката ситуација се влошува, а особено кога ќе се откријат нови видови на коронавирусот.
Ќе бидат дозволени само оправдани патувања од итни причини.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.