19 Декември, 2025
5.1201

Во Европа и кај нас се пролонгира мајчинството за сметка на градењето кариера

Објавено во: Македонија 04 Март, 2021 07:33

Добивај вести на Viber

Се поместува старосната граница на која жените се реализираат како мајки.  Бројките на Евростат покажуваат дека во Европа жените сѐ подоцна го раѓаат своето право дете.

Слична е состојбата во регионот и во Македонија. Според објавените податоци, жените во Македонија во просек првото дете го добиваат на 27 години, во Србија на 28.1, во Хрватска и Словенија на 28.9 години. Приоритет на младите им е да си обезбедат сигурни примања и покрив над главата, нешто што не е лесно во сиромашни земји како Македонија. Социологот Татјана Филиповска вели дека старосната граница е поместена и допрва ќе се поместува.

„Децата сега мали од 10 години влегуваат во пубертет, но тој период од адолесценција во зрела доба е продолжен. Младите потешко се одлучуваат за брак затоа што се зависни од родителите, или пак сакаат да градат кариера. Според мене тоа се трите фактори поради кои подоцна се основа семејство. Но, тоа е нормално и за старост веќе не се смета периодот кога човек ќе влезе во пензија, туку кога ќе има 80 години и веќе е изнемоштен и немоќен“, објаснува Филиповска.

Во соседна Албанија жените првото дете го раѓаат на возраст од 26.4 години, а  во Грција на 30.6 години.

ЖЕНИТЕ ВО ИТАЛИЈА ГО РАЃААТ СВОЕТО ПРВО ДЕТЕ ВО ПРОСЕК ПО 31-ТА ГОДИНА

Италија отскокнува со 31.3 години возраст на мајките, а во соседна Бугарија возраста на жените при раѓањето на првото дека е 26.3 години. Вилма Коерго Борга која живее во Торино, Италија вели дека младите прво го комплетираат своето образование, па откако ќе најдат сигурна работа основаат семејство. Според неа, конкрентно за Италија, економската ситуација игра важна улога за тоа кога жените ќе стапат во брак и ќе добијат деца.

„Oд моето искуство, решив да го родам своето прво дете на 28 години, а  второто по 14 месеци. Младите прво чекаат да ги завршат студиите, па да најдат сигурна работа, и дури потоа да основаат семејство. Секако дека има и млади кои на 23 години имаат деца, но тоа е поретко. Најверојатно и кај вас во Македонија е слично“, раскажува таа.

Објаснува дека не е лесно една жена да гради кариера и паралелно да се грижи за децата.  Средната возраст на жените во ЕУ при раѓање на првото дете постепено се зголемува и изнесувала 29,4 години во 2019 година. Просечната возраст се зголеми во сите земји-членки на ЕУ во текот на овој период. Најголемата промена има во Естонија, каде просечната возраст се зголеми за 1 година, од 27,2 години во 2015 година на 28,2 години во 2019 година, проследено со Литванија и Луксембург (+0,9 години). Во истиот период, најмалите промени се забележани во Словачка (+0,1 години) и Словенија (+0,2).

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот