ВО ГЕРМАНИЈА И ТОА Е МОЖНО: Ако живеете блиску до градилиште, ќе добивате по 100 евра дневно

Објавено во: Свет 12 Април, 2025 07:26
Во петокот во 12:30 часот почна уривањето на дотраениот бетонски мост на берлинскиот автопат А100, познат како „Брокел-Брике“. Жителите од околните згради ќе мора да трпат бучава и прашина со денови, но ќе бидат и финансиски наградени – и тоа секојдневно.
На почетокот на март беше откриено дека веќе познатата пукнатина во носечката конструкција значително се проширила. По стручна проценка, одлучено е дека мостот мора да се урне. Почнувајќи од петок, бетонската конструкција долга 240 метри ќе се отстранува деноноќно. За заштита на железничките пруги под мостот, тие претходно беа покриени со песок и метални плочи.
Со оглед на нивото на бучава и нечистотија, жителите во непосредна близина од 10 до 17 април ќе добијат отштета од 100 евра по лице за ноќ. За ова биле информирани со директни писма од Autobahn GmbH. Тие можат сами да одлучат дали ќе останат дома или ќе се преселат кратко време, пишува Билд.
Како ќе се исплати обештетувањето?
„Создадовме мапа на бучава за да знаеме кој има право на компензација“, рече портпаролот на Autobahn GmbH. Доказ за престој се заснова на официјална потврда за регистрација на живеалиште. Понудата, како што велат, е во согласност со законските прописи.
Жителите не го кријат изненадувањето
Жителот Мартин З. (61) вели: „Не очекував обештетување и пријатно сум изненаден. Би било глупаво да не ги земам парите“. Ја изгубил и својата градина, една од осумте што морале да бидат отстранети поради уривање. За ова треба да добие 18.000 евра отштета, но бара 40.000 евра.
Краткиот рок предизвика гнев
Адвокатот Дорте Ј. (52) смета дека писмото пристигнало предоцна. „Ако прифаќате 100 евра дневно, се откажувате од сите други барања за бучава. Треба да го знаете тоа“.
Берлинскиот транспортен сенатор Уте Бонде (ЦДУ) изјави во парламентот дека „се што е можно е направено во однос на заштитата од бучава и работењето 24/7“.
Цел: завршување до 25 април
Сите дозволи за уривање и заштита од бучава требаше да бидат потпишани до четврток. Набргу по ова започнува и уривањето на блискиот мост Вестенд.
Целта е двата моста целосно да се отстранат до 25 април, а три дена подоцна S-Bahn (приградски воз) треба повторно да работи по целата пруга.
Феникс Магазин
Можеби ќе ве интересира
УКРАИНА БАРА ИЗВИНУВАЊЕ: На екранот на Фокс њуз пишувало дека Киев е во Русија

ОРУЖЈЕТО НЕ МИРУВА: Зеленски соопшти колку напади и гранатирања извршила Русија

УНИКАТЕН ПОДАРОК: Што му даде Путин на патријархот Московски?

АРГЕНТИНА, ЧИЛЕ, БУТАН: Koи земји би биле најбезбедни во случај на светска војна?

(ВИДЕО) САМО 6.000 ДОБИЛЕ ДОЗВОЛА: Израел не дозволи многу Палестинци христијани да дојдат во Ерусалим

ИМА ДРУГИ МОЖНОСТИ: Келог вели дека Украина нема да влезе во НАТО

(ВИДЕО) АМЕРИКАНЦИТЕ ПАК ПРОТЕСТИРАА: Незадоволни се од Трамп и Маск

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО СТОРИТЕЛИТЕ: Двојно убиство ја погоди Германија

ГЕРАСИМОВ ГО ИНФОРМИРАЛ ПУТИН: Руските сили вратија 99,5 отсто од територијата на Курск
