17 Мај, 2024
0.4487

Во Германија продолжува дозволата работниците да доаѓаат од Балканот

Објавено во: Економија 22 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

На граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Косово ќе им биде дозволено да доаѓаат да работат во Германија, без оглед на нивните квалификации.

Специјалната дозвола, со која се дозволува пристигнување на економски мигранти од земјите на Западен Балкан во Германија, според нацрт-одредбата, достапна за германската новинска агенција ДПА, германското Министерство за труд треба да ја продолжи со т.н. Регулативи за Западен Балкан, така што ќе важи до 2023 година.

Ова значи дека на граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Косово ќе им биде дозволено да патуваат во Германија, без оглед на нивните формални квалификации за работа.

Вкупен контингент од 25 000 луѓе од Западен Балкан се планира да доаѓа во Германија секоја година. Министерството за труд го проследи релевантниот нацрт до германската влада за усвојување.

Од јануари 2016 година, луѓето од земјите од Западен Балкан можат да добијат виза за работа и да дојдат во Германија - дури и без познавање на германскиот јазик и професионалните квалификации. Предуслов е дека апликантот да покаже договор за вработување со работодавец во Германија и дека постои согласност од Сојузната германска канцеларија за вработување. Апликантот мора да докаже дека претходно нема добиено социјална помош во Германија.

Оваа посебна регулатива е воспоставена заради големиот број на баратели на азил и требаше да истече на крајот на декември годинава. Според истражувањето на Институтот за пазарот на трудот и професионалното вработување (ИАБ), 58 проценти од работната сила во Западен Балкан работи во Германија како квалификувани или високо квалификувани работници, како специјалисти или експерти.

Досега не беше јасно дали ќе има планирано проширување на работните регулативи од Западен Балкан. Причината беше скептицизмот на христијанско-демократските партии ЦДУ и ЦСУ предизвикана од пандемијата на коронавирусот и стравот од зголемување на бројот на невработени во Германија.

Голем број работници од земјите од Западен Балкан, како што велат во круговите на германската влада, се вработени во градежништвото. Засега „нема тренд што би значело намалување на потребата за труд“, пренесува Дојче Веле.


Можеби ќе ве интересира

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите