Во градот Патрас Грција и Русија ќе произведуваат „калашникови“
Објавено во: Балкан 01 Јуни, 2016
Двете земји се договориле да соработуваат во производство на „калашникови“ во градот Патрас.
Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, изјави дека државната компанија „Хеленик Дефенс Системс“ би можела да произведува руски автоматски пушки „калашников“. Тоа ќе се случи откако ЕУ ќе го го укине економско ембарго кон Русија.
Каменос објасни дека производот направен во Грција ќе биде од корист на земјата, затоа што така ќе може да се продава на други членки на НАТО и ќе има печат на одобрување од страна на Алијанста и ЕУ.
Од Комунистичката партија го прашаа министерот за тоа дали НАТО би купувал „калашникови“, на што тој одговори тие ќе бидат произведени во земја членка на НАТО, ќе имаат сертификат на Алијансата и можат да се продаваат на земјите членки на НАТО.