Во јуни се градело повеќе од лани, каде се градело највеќе?
Објавено во: Економија 15 Август, 2016 13:24
Во јуни се издадени повеќе дозволи за градба што укажува на тоа дека повеќе се градело за разлика од истиот месец лани.
Податоците на Државниот завод за статистика говорат дека во јуни 2016 се издадени 274 одобренија за градење што е за 47.3% повеќе споредбено со истиот месец од претходната година. Најмногу како и во претходниот период се гради во скопско.
Во вардарски регион се издадени 25 одобренија, источен 19, југозападен 33, југоисточен 14, пелагониски 28, полошки 25, североисточен 14, и скопски 116.
Предвидената вредност на објектите изнесува 4 405 372 илјади денари што е за 52.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 174 (63.5%) се наменети за објекти од високоградба, 30 (10.9%) за објекти од нискоградба и 70 (25.6%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 274 објекти, на 169 (61.7%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 (38.3%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 857 станови со вкупна корисна површина од 63 032 квадрати.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка




