19 Декември, 2025
0.0457

Во јуни се затвораат вентилите, ако Украина не плати за рускиот гас!

Објавено во: Свет 12 Мај, 2014 19:40

Добивај вести на Viber

Украина има рок до 2 јуни да плати за јунската испорака на руски гас. Во спротивно, на 3 јуни Русија ќе престане да испорачува гас за Украина, изјави директорот на „Гаспром“ Алексеј Милер. По состанокот со рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска, Милер најави дека веќе утре на Украинците ќе им биде испорачана сметката за јунските испораки, во согласност со одлуката на „Гаспром“ дека ќе испорачува гас за Украина само со претходна наплата. „Ако Украина не плати за јунската достава, тогаш „Гаспром“ до 10 часот наутро на 3. јуни ќе ја извести Украина колку ќе треба да доплати за доставата на гас. Ако нема авансна испалата тогаш на Укрина во јуни ќе и бидат доставени нула кубни мерки гас“, се закани Милер. Медведев, пак, истакна дека руската Влада има информации оти Украина има пари да си го плати долгот за природен гас, кој до овие моменти изнесува околу 3,5 милијарди евра. Претходно, украинските власти најавија дека немаат намера однапред да го плаќаат рускиот гас, особено не по новата, повисока цена што ја одреди „Гаспром“ за испораките кон Украина. Стопирањето на испораките кон Украина може да го проблематизира снабдувањето со гас и за европските земји, со оглед на тоа што најголем дел од количините на руски гас за Европа поминуваат преку Украина.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела