Во Кичево сакал да помеша 100 грама кокаин со еден килограм смеса
Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2020
МВР денеска соопшти дека полициски службеници од ОВР Кичево приведоа дилер кај кого биле запленети над 100 грама кокаин и други предмети.
„На 24.10.2020 околу 20.20 часот на бул.Ослободување во Кичево полициски службеници запреле возило „цитроен“, со тетовски регистерски ознаки, управувано од И.Б. (38) од Кичево. При извршен преглед над И.Б., тој се обидел да фрли пластично топче во кое имало осум пакувања со кокаин“, информира МВР.
И.Б. е приведен во полициската станица во Кичево, а во неговиот дом е извршен претрес и притоа се пронајдени над 100 грама кокаин, еден килограм смеса за мешање за зголемување на масата на дрогата, дигитални ваги и други предмети.
Покрај возилото "цитроен", одземено е и возило "порше". Известен е јавен обвинител од ОЈО Кичево и по документирањето ќе биде поднесена кривична пријава.