Во кои три македонски градови досега имало најмногу заболени од коронавирусот?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Февруари, 2021
Најголемите градови во земјава имале најголем број заболени од коронавирусот откако почна пандемијата.
Станува збор за Скопје, Куманово и Тетово. Според податоците на Министерството за здравство, во Скопје имало 42.009 случаи, во Куманово 5.329, а во Тетово 5.234. Сите други градови се со помал број на случаи, односно под 5.000. Во Дојран имало најмалку заболени, 92 случаи досега. Моментално Пехчево и Македонска Каменица имаат само по 4 активни случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 479.430 тестирања на Ковид-19. foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.