19 Декември, 2025
0.0554

Во кои земји нема минимална плата?

Објавено во: Економија 19 Август, 2016 13:54

Добивај вести на Viber

Од 1 јануари 2016 година минималната плата во ЕУ варира - од 215 евра до 1 923 евра, станува јасно од последната статистика на Евростат. Агенцијата забележува дека во моментот во 22 земји од заедницата има воведена минимална плата. Исклучок прават Данска, Шведска, Италија, Кипар, Австрија и Финска.

Од објавените податоци се гледа дека најниска минимална плата во ЕУ е во Бугарија, а највисока - во Луксембург.Во Грција минималната плата е во износ од 683 евра месечно или околу 50% од просечната плата.

Година порано, таа беше над 700 евра, додека соседна Бугарија бележи раст - од 184 евра до 215 евра.Во некои земји од ЕУ нема фиксна минимална плата, но има минимално часовно плаќање - Германија, Ирска, Франција, Малта и други.

Кај нив статистичката служба ја пресметува месечната плата врз основа на бројот на часови во официјалната работна недела, станува јасно уште од методолошки описи кон статистиката. Во Кипар има административно одредена минимална плата, но таа се користи за специфични пресметки на владата.

Во меѓувреме новата студија на Институтот за истражување на пазарот на трудот и вработувањето кон германската Сојузна агенција за вработување (IAB) покажува дека воведување на минимална работа плата во Германија во многу ретки случаи доведе до вишок на вработени.

Во анкетата на институтот едвај 4,7 отсто од менаџерите на компании признале дека како реакција на оваа новина требало да го намалат бројот на вработени. 2,4 отсто признаваат дека имале такви планови. Ако сепак требало да се намали персоналот, тоа се случувало главно преку воздржување при новите вработувања. 10,4 отсто од фирмите појаснуваат дека се воздржувале да назначат нови вработени, а 5,3 отсто немале такви планови.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба