19 Декември, 2025
0.0467

Во кој европски град киријата се плаќа со помалку од третина од платата?

Објавено во: Економија 30 Јули, 2025 16:53

Добивај вести на Viber

Во Женева киријата се плаќа со помалку од третина од платата, додека во Лисабон киријата е за 16 проценти повисока од платата. 

„Еуроњуз бизнис“ објави анализа на најновиот глобален извештај „Мапирање на светските цени“, кој ги споредува нето месечните плати и кириите во 69 града низ целиот свет, вклучувајќи 28 европски метрополи.

Во Лисабон, просечната плата не ја покрива киријата за 16 проценти, а во Истанбул за еден процент. Ситуацијата е сериозна и во Лондон, каде што 75 проценти од платата одат за кирија, како и во Барселона и Мадрид (74 отсто), Милано (71 отсто), Рим (65 отсто), Даблин (62 отсто), Атина (57 отсто), Варшава (56 отсто), Прага (54 отсто) и Будимпешта (52 отсто). Единствен европски град со сооднос кирија-плата под 30 отсто е Женева, а следуваат Луксембург и Франкфурт со 34 отсто, Цирих и Хелсинки со 35 отсто и Виена со 38  отсто. 

Кириите за еднособни станови во градските центри варираат. Во Европа, Лондон води со 2.732 евра месечно, додека најниската кирија е во Атина (595 евра). Во Цирих, Даблин, Амстердам и во Женева кириите надминуваат 2.000 евра, додека во Истанбул и во Будимпешта се под 900 евра.

Годинава во Европа највисоки плати се регистрирани во Женева и во Цирих – над 7.000 евра. На дното се Истанбул (855 евра) и Атина (1.044 евра).

foto Wikipedia/Sdnegel

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии