17 Мај, 2024
0.0475

Во која домашна компанија се раководи по јапонски методи?

Објавено во: Економија 11 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Менаџирање по јапонски методи - успешното раководење ја позиционираше „Раде Кончар – ТЕП“ како водечка компанија во металопреработувачката и електроиндустријата како во Македонија така и во останатите балкански земји. Постои од 2006 година, но фирмата од која е основана „Раде Кончар Сервис“ овде егзистира неверојатни 70 години. 

На патот до успехот имало и предизвици кои ги носи модерното време, но менаџментот ги решава со упорност, ама и со визионерство. 

Но тоа не е случајно, јапонската визија и одлуката за вреднувањето на јапонските методи во производниот процес на „Раде Кончар‟ следуваат по помината обука за менаџирање и иновативни процеси во производството. Препознавајќи ја формулата за успех, генералниот менаџер, Горан Антевски освен лична надградба по јапонски модел, иницира и негови вработени да бидат дел од ова светско максимално напредно искуство. Станува и претседател на АОТС „Македонија“, Јапонско-македонска организација за техничка соработка преку која се усовршуваат менаџерскиот и инженерскиот кадар и од други компании од Македонија во јапонските компании, пишува Бранко Азески, претседател на Стопанската комора во најновата колумна.

„Раде Кончар – ТЕП“ работи во производство на ормари за поставување на електрична инсталација, како трансформатори, трафостаници, потоа производството на печки на палети и работата на најразлични проекти каде „Раде Кончар – ТЕП“ се јавува како изведувач на електро и машински работи за големи проекти ( болници , училишта , фабрики и др.). Компанијата нуди комплетни решенија од областа на генерирањето и дистрибуцијата на електричната енергија, како и специјализирани решенија за индивидуалните барања на клиентите. 


„Од самото основање на нашата компанија во 2006 година, започнавме успешна соработка и учество во работењето на Стопанската комора на Македонија, а со годините таа соработка само се продлабочува. Нашата девиза: „Ние немаме купувачи, ние имаме само партнери со кои го делиме делот од успехот“ е само дел од нашето работење и развој. Секако, тука треба да се истакне дека најголема заслуга за тој успех е и на менаџерскиот тим и вработените кои сите овие години заедно со мене учествуваат во креирањето на оваа успешна приказна, вели Горан Антевски, генерален менаџер на Раде Кончар.

Како сведоштво на минатото, денес се железничките пруги кои транзитирале низ производствените погони на фабриката, носејќи полни вагони со стока низ Југославија, Блискиот Исток и Европа. Децениското постоење на фабриката со светски бренд („Раде Кончар - ТЕП‟) во главниот град денеска е синоним за автобуска постројка на градската линија со број 7, на патот од центар кон населбата Лисиче.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА