18 Декември, 2025
0.0607

Во Македонија 100.000 луѓе активно бараат работа

Објавено во: Економија 04 Јуни, 2013 12:50

Добивај вести на Viber

Околу 225 илјади невработени има во нашата земја, од нив само околу 100 илјади активно бараат работа, а преостанатите 125 илјади се изјасниле дека се пријавуваат за да добијат социјални бенефиции. Ова се податоците од списокот на Агенцијата за вработување. Според статистиката, во земјава има 948.125 активно население, од кои вработени се 657.849, а 290.276 се водат како невработени. Официјалната статистичка стапка на невработеност во земјава е 30,6 отсто, пишува Дневник. - Бројката на лицата што активно бараат работа фактички е бројката на невработени лица во земјава. Повеќето од тие што неактивно бараат работа се лица што работат на црно и се нерегистрирани во која било стопанска дејност. Втора можност е да се надвор од државата, а се регистрирани само за да ги уживаат бенефициите од социјалното и здравственото осигурување. На тие лица им е полесно да останат во регистарот на невработени иако не помислуваат активно да побараат работа, вели  Миле Бошков од Бизнис-конфедерацијата на Македонија. - Голем е бројот на лицата што се регистрирани како невработени во Агенцијата, а работат во сите сезонски занимања, во преработувачка, дрвна, угостителска дејност, без разлика дали тука и надвор од земјата. Нашите анализи покажаа дека нивниот број се движи од 50 до 70 илјади луѓе, вели Бошков. Според статистика, стапката на невработеност во Македонија и натаму останува околу 30 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји