Во Македонија досега се дијагностицирани повеќе од 105.000 ковид случаи

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 04 Март, 2021
Во Македонија досега се дијагностицирани повеќе од 105.000 ковид случаи откако почна епидемијата.
Досега во земјата се направени вкупно 533.505 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата е 105.269, бројката на оздравени пациенти е 93.942, на починати е 3.165, а бројот на активни случаи изнесува 8.162. Сега вирусот „коси“ во Тиквештијата. Високата е бројката на активни во Кавадарци, Неготино, но и Прилеп, Охрид и Гевгелија. За 24 часа има 1.753 оздравени пациенти, 721 нови заразени и 9 починати.
Јужноафриканскиот сој на коронавирусот засега не е потврден во Македонија. Двајцата заразени кои се вратија од Занзибар се заразиле со британскиот сој на коронавирусот. За овој сој се смета дека е отпорен на вакцините.
Поради опасното и забрзано ширење на овој сој коронавирус, здравствените власти бараат карантин за оние кои ќе се вратат од патување од јужноафриканските држави.
foto freepik
Можеби ќе ве интересира
ТРПЕНОСКИ ПО ПРЕСУДАТА - Ако не сум бил новинар, тогаш што сум барал во Собранието на 27 април

ДОДЕКА СЕ ЧЕКААТ НОВИТЕ ДОЗИ НА ФАЈЗЕР: Од денес ќе се вакцинираат граѓани на 73 и 74 години
До каде стигна судењето за „Меѓународен сојуз“ во кој се обвинети Јовановски, Ременски и Мандиќ?

ДИМИТРОВ НА ЕВРОПСКА ТУРНЕЈА: Прва средба со министри од Виена

ПРОТЕСТ СО АВТОМОБИЛИ: КСС вели „Доста е, претеравте“

САМО ПО НЕКОЈ ПАНИЧЕН НАПАД И ЛЕСНИ СИМПТОМИ: По повеќе од 30.000 вакцинирани, ниту еден случај со сериозни несакани ефекти

По Дојран, се преговара и со други општини да овозможат попусти за српските туристи

Љупчо Николовски бара соработници, плата до 37.625 денари
