19 Декември, 2025
0.0416

ВО МАКЕДОНИЈА Е РЕЧИСИ НЕВОЗМОЖНО СЕМЕЈСТВО ДА ЖИВЕЕ СО ЕДНА ПЛАТА: Како е во странство?

Објавено во: Економија 11 Август, 2025 07:55

Добивај вести на Viber

Во нашата земја е речиси невозможно семејство да живее само со една плата, но консултиравме и луѓе од различни земји, со цел да ни објаснат дали е можно кај нив семејство да опстане со една плата. Нашите соговорници велат дека и во нивните држави, со една плата семејството не може да ги задоволи сите потреби, затоа што трошоците за живот се високи.

„Тоа не е можно. Платата треба да биде многу висока ако сакате да живеете само со една плата. Типично семејство во Норвешка треба да плати за градинка, сметки, станбени кредити, храна, разни спортови за децата, осигурување, општински такси“, објаснува Марита Олсен од Норвешка.

Девојка од Хрватска вели дека што се однесува до платата, сè зависи од висината и за каков тип на семејство се работи, односно колку члена брои. Сепак, на 4 члена им требаат 2.500 евра приходи за да можат нормално да живеат.

„На пример, ако во семејството има три члена и, да речеме, само сопругот работи и заработува околу 1.500 евра, можете да се снајдете еден месец, но само ако не се расфрлате многу. Значи, со малку здраворазумско трошење (ништо скапо), можете да опстанете. Но, ако бројот на членови е 3+, а децата се мали,  тогаш е потешко со поголем број членови! И мислам дека тогаш сте принудени да побарате некаква помош. Не сум била во оваа ситуација, па не можам да зборувам со сигурност, но ако земеме, на пример, семејство од четири члена со две малолетни деца со 1.500 евра и ако ги собереме трошоците за комуналии, храна, училишен прибор, хигиена и сè друго, тогаш е јасно дека таквото семејство е принудено да штеди и дефинитивно да бара некаква поддршка. Значи, мислам дека двајцата родители мора да работат за да преживеат. Сосема е јасно дека двајцата родители мора да работат, освен, се разбира, ако платата на едниот е помеѓу 2.500 и 3.000 евра“, објаснува девојката од Хрватска.

Но, за да се добие работа во Хрватска со висока плата, вели дека треба да се има и среќа покрај квалификации.

„Да не беше оваа инфлација, ќе беше полесно, но ми се чини дека таа „јаде“ сè. Владата ги замрзна цените на основните прехранбени производи за преживување (масло, брашно, шеќер, леб...), но повторно, трговците на мало ги зголемија цените на некои други производи. Во 2019/20 година, трошевме околу 7-8 евра за намирници за брз и евтин ручек, сега во продавница оставаме 20-25 евра. Значи, секогаш ја користам можноста ако добијам шанса да заработам дополнителен приход. На почетокот на оваа година, луѓето дури и ги бојкотираа продавниците за да го спречат неконтролирано зголемување на цените. Но, колку што можам да видам, ситуацијата е слична и во остатокот од ЕУ.  Затоа мислам дека некаков заеднички напор на ниво на целата област би помогнал да се стабилизира ситуацијата. Бидејќи, ова е ненормално!“, вели нашата соговорничка.

Maкедонка која се преселила во Шведска објаснува дека е многу важно луѓето да си ги планираат трошоците.

„Зависи кој што работи и колкава плата зема. Треба добро да се испланираат трошоците, затоа што се плаќа кирија, сметки, има трошоци за автомобилот. За четиричлено семејство 2.500 до 3.000 евра се потребни. За храната, некои работи се поевтини отколку во Македонија, значи ако се спореди стандардот, храната овде е поевтина, во Македонија е изгор, но и зависи колкави се децата, затоа што и за нив државата дава помош“, додава Македонка која живее во Шведска.

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јуни 2025 година изнесува 64.698 денари, односно со две минимални плата од по 400 евра, нема шанси да се задоволат ниту основните потреби на едно семејство. Дури и да се зголеми минималецот на 500 евра како што бара синдикатот, пак со две минимални плати, едно семејство нема да може да ги задоволни основните потреби. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии