28 Април, 2024
0.0310

Во Македонија не може ни да се помисли за забрана на дизел возилата

Објавено во: Економија 09 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Во време кога во одделни земји на Европската унија се покренуваат дебати за постепена забрана на дизел- моторите, кај нас се забележува зголемен увоз на половни автомобили со ваков тип на погон. Според статистиката од Царинската управа на Македонија, во првите шест месеци од годинава се увезени вкупно 14.260 патнички возила, од нив нови автомобили се 2.779, а дури 9.987 се употребувани возила.

Најобична прошетка по авто- плацовите за продажба на увезени користени автомобили покажува дека најголем дел, ако не и сите, се со дизел- мотор, односно се модели кои не смеаат да се возат во централните градски подрачја на многу европски метрополи.

Според последните достапни податоци од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на 2105 година, во земјава се регистрирани 383.833 автомобили. Најголем дел или 209.122 се бензинци, а 163.038 се со дизел мотор и уште 744 возат на мешавина или речиси половина од возниот парк. Уред за погон на авто- гас имале вградено 10.896 автомобили, а 33 од регистрираните биле хибридни и електрични возила. Анализата на статистичките бројки покажува загрижувачки нагорен тренд на бројот на дизел- автомобили, од кои најголем дел се половни возила донесени од странство. Односно, бројот на дизелашите во 2015 година е дуплиран во споредба со нивниот број во 2011 година, кога тој изнесувал 85.426 возила.

Јасно е дека слабата економска моќ на населенението е главна причина за поголемиот интерес за купување половен автомобил наместо нов од авто- салон. На тоа, посебно влијаеше спуштањето на еколошките критеруми за увоз на стари автомобили во 2010 година, што според едни придонесе за обнова на возниот парк во земјава, а според други да се претворивме во депонија за стари возила на Европа.

Но, треба да не замисли податокот од статистичката публикација за транспорт дека постари од 10 години се 79,4 отсто од автомобилите во земјава, или околу 305.000 возила. На нашите патишта има малку нови возила, околу 6.000 возила се помлади од две години, што изнесува 1,6 отсто во однос на 384 илјади патнички моторни возила, колку што биле вкупно регистрирани на крајот од 2015 година.

Иако од 1 јули 2016 година во земјава смее да се увезуваат патнички автомобили кои мора да го исполнуваат најмалку еко- стандардот „евро 4“, сепак овие возила се далеку од највисокиот „евро 6“ стандард и натаму се значаен извор за загадување на воздухот со тешки метали, јаглерод двооксид и азотни оксиди. Токму затоа, се почести се барањата и иницијативите за доследна примена, па и за заострување на регулативата за мерење на издувните гасови кои ги испуштаат овие возила и отстранување од сообраќајот на загадувачите.

Во Министерство за економија велат кај нас за забрана, односно за нерегистрација на возила на дизел погон не се предвидува во скоро време, но дека ние како земја кандидат за членство во Европската унија, ги следиме и ги спроведуваме европските прописи.

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност